• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Младата бунтовничка“ Луисана Лопилато романтична на 15-годишнината од бракот со Мајкл Бубле

1 април 2026, 09:10
  • cподели

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле ја прославија 15-годишнината од стапувањето во брак.

38-годишната актерка, која кај нас се прослави по улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“, напиша романтична порака за 50-годишниот пејач и сподели албум со заеднички фотографии.

15 години во брак и уште 4 откако ни се вкрстија патиштата. Нашата судбина како да беше напишана од Бог, и секој ден сум благодарна за оваа длабока љубов, за начинот на кој сè уште си се пронаоѓаме со погледите и за бакнежите кои и понатаму се магични како првите. Каква прекрасна љубовна приказна создадовме, а оваа прекрасна дива работа, која ја нарекуваме семејство, прави сè уште позначајно и поголемо.

И Мајкл не пропушти да го одбележи овој ден и напиша:

Лу, ти си сè што е вистинско во свет кој понекогаш изгледа како илузија. Ти си вистината во целата бучава, мирот во секоја бура и светлината која ме води дома. Искрено, не знам кој би бил без тебе. Знам дека не би бил овој човек. Знам дека не би го изградил овој живот, ниту би ја пронашол оваа цел, ниту би ја запознал оваа љубов.

15 години брак и создадовме живот кој е поголем од сè што некогаш сум сонувал. Среќна годишнина, љубов моја. Би те избрал во секој живот. ♥️

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Michael Bublé (@michaelbuble)

Заљубените ѕвезди се запознаа во 2009 година кога заедно го снимаа спотот за „Haven't Met You Yet“.

Луисана и Мајкл стапија во брак во 2011 година и се родители на 4 деца, две синчиња и две ќеркички.

Tags
Луисана Лопилато
Мајкл Бубле

Најнови

  • Северина модерна покрај синот Александар на роденденот на нејзината кума Андреа Чермак

    Wed, 04/01/2026 - 10:07
  • „Младата бунтовничка“ Луисана Лопилато романтична на 15-годишнината од бракот со Мајкл Бубле

    Wed, 04/01/2026 - 09:10
  • Убавата ќерка на Здравко Чолиќ уживаше на негов концерт пред да замине на скијање со дечкото

    Tue, 03/31/2026 - 22:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.