• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

Митови за женскиот оргазам

7 декември 2010, 11:02
  • cподели

Женскиот оргазам е голема мистерија, па воопшто не е чудно што има толку многу митови поврзани со него. Некои од нив постојат само во машкиот мозок, но многу често и жените не се сигурни која е вистината.

Маж и женаЖенскиот оргазам е голема мистерија, па постојат многу митови поврзани со него

За дел од посочените митови има категоричен одговор дали се вистинити или не, но за некои сè уште се водат дебати. Еве ги најраспространетите митови поврзани со женскиот оргазам:

Мит: Жените не можат да ејакулираат.

Вистината: При доволна стимулација на Г-точката, некои жени исфрлаат значителна количина на проѕирна течност пред или за време на оргазам. Постоењето на женска ејакулација во минатото се негираше и многу жени избегнуваа сексуален однос или го избегнуваа достигнувањето на оргазам само затоа што се срамеа од оваа појава. Денес, голем број на жени упорно се обидуваат да се вбројат меѓу жените кои можат да искусат ејакулација.

Мит: Жените кои никогаш не доживеале вагинален оргазам имаат проблем.

Вистината: Многу жени кои не успеваат да доживеат вагинален оргазам губат самодоверба и сметаат дека имаат некаков проблем. Не се знае точно, но голема е веројатноста овој мит да се појавил поради Фројд, кој сметал дека постојат два типа оргазам – клиторичен и вагинален и дека жените треба да доживуваат само вагинален оргазам. Тој го определил клиторичниот оргазам како детинест и сметал дека секоја зрела жена треба да доживува оргазам само преку пенетрација во вагината. Тогаш се распространило мислењето дека секоја жена може редовно да достигне вагинален оргазам. Но, вистината е дека само една третина од жените успеваат редовно да имаат вагинален оргазам при сексуален однос. Жените кои можат да доживеат единствено клиторичен оргазам се апсолутно нормални и нема потреба да се срамат и да го кријат тоа од нивните партнери.

Мит: Вагиналниот оргазам е подобар од клиторичниот.

Вистината: Не мора да значи. Чувството кое жените го имаат при оргазам е различно и варира. Најчесто жените не доживуваат секогаш оргазам со ист интензитет. Некои жени повеќе уживаат при стимулација на клиторисот и на тој начин доживуваат силен оргазам. Дел од нив го преферираат клиторичниот оргазам затоа што не се чувствуваат пријатно при стимулација на Г-точката. Не треба да се потценува моќта на клиторичниот оргазам.

Мит: Сексот без оргазам не им носи сексуално задоволство на жените.

Вистината: Овој мит е повеќе распространет меѓу мажите отколку меѓу жените, затоа што жените добро знаат дека сексуалниот однос може да биде големо уживање без да вклучува оргазам. За многу жени блискоста и физичката интимност се многу поважни од самиот оргазам.

Мит: Жените полесно можат да достигнат оргазам ако нивниот партнер има голем пенис.

Вистината: Се верува дека Г-точката се наоѓа на околу 5 сантиметри од влезот на вагината, па не треба партнерот да биде „надарен“ за да може да ви пружи врвно задоволство. Големината повеќе им е важна на мажите отколку на жените.

Мит: Само жените глумат оргазам.

Вистината: Никој не го негира фактот дека жените глумат оргазам, но не треба само понежниот пол да се обвинува дека глуми в кревет. Мажите исто така знаат да бидат актери, иако тоа се случува поретко. Причината? За разлика од жените, од мажите се очекува секогаш да доживеат оргазам при сексуален однос, па често тие чувствуваат голем притисок. Кога ќе се најдат во ситуација да не можат да доживеат оргазам, полесно им е да одглумат отколку да се обидат да се соочат со проблемот.

Мит: Оргазмот е неопходен за жената да остане бремена.

Вистината: За една жена да остане бремена навистина е неопходен оргазам, но од страна на нејзиниот партнер. Жените без проблем може да забременат и без да доживеат оргазам. Сепак, истражувањата покажале дека мускулните контракции и дополнителната влажност кои се појавуваат за време на оргазам помагаат при зачнувањето.

Tags
оргазам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.