Почетна » Семејство » Бременост » Секс пози за зачнување

Секс пози за зачнување

Зачнувањето може да биде забавен процес, но многу парови чувствуваат напнатост и стрес во тие моменти. Најдоброто нешто што може еден пар да го направи кога сака да создаде семејство е да се релаксира и да ужива во времето поминато под чаршафите.

СексПозите во кои жената лежи, а мажот е одгоре ја зголемуваат веројатноста за зачнување.

Кои се најдобри пози за зачнување?

И мажот и жената треба да бидат расположени за секс и да не ја прескокнуваат предиграта. Бакнувањето и еротските масажи ги стимулираат ерогените зони и предизвикуваат сексуална возбуда. Кога атмосферата е доволно жешка, практикувањето на следните пози може да придонесе за успешноста на процесот на правење на бебе:

  • Мисионерската поза. Родителите и експертите се согласуваат дека позата кога жената лежи, а мажот е одгоре ја зголемува веројатноста за зачнување. Таа поза овозможува длабока пенетрација и поголема блискост и интимност помеѓу партнерите, па затоа и е најпретпочитана.
  • Кучешката поза. Позите кои му овозможуваат на мажот длабока пенетрација одназад се одлични за зачнување. Без разлика дали жената е потпрена на рацете и нозете или пак е легната, со оваа поза спермата достигнува подлабоко. Оваа поза предизвикува и поинтензивен оргазам кај мажите.
  • Легнати настрана. Двајцата легнуваат настрана во иста насока, при што мажот е одназад. Оваа поза, освен длабоката пенетрација, им овозможува на партнерите да бидат релаксирани и со тоа да го потпомогнат зачнувањето.

Иако нема научни истражувања кои би ги „одобриле“ овие пози, научниците сепак имаат направено некои експерименти кои ја покажуваат полезноста на мисионерската и кучешката поза. Во рамките на еден експеримент, специјалисти снимале со апарат за магнетна резонанса пар кој што има секс. По направената анализа било заклучено дека и двете овие пози помагаат за подлабоко доставување на спермата и зголемување на шансите за зачнување.

Ако сакате да се обидете преку секс позите и темпирање на односот да го определите полот на бебето, прочитајте го методот на Шетлс за зголемување на шансите за машко или женско.

Кои се најлоши пози за зачнување?

Постојат пози кои влијаат негативно на зачнувањето, затоа што го спречуваат навлегувањето на спермата.

  • Жената одгоре. Сите пози во кои жената е одгоре, без разлика дали е седната или легната, не се полезни за зачнување, затоа што гравитацијата ѝ попречува на спремата во нејзиниот пат кон грлото на матката.
  • Во стоење или седење. Сите пози кои бараат седечка или стоечка положба на партнерите ѝ го отежнуваат патувањето на спермата.

Колку е важен оргазмот на жената?

Очигледно е дека машкиот оргазам е неопходен за зачнувањето, но исто така и женскиот оргазам може да придонесе за подобрување на условите за спремата да стигне успешно до целта. Контракциите од оргазмот помагаат спермата да биде вовлечена подлабоко и побрзо да дојде до созреаната јајце-клетка. Жената е поопуштена и ужива во својата интимност со партнерот.

Сепак, иако женскиот оргазам може да придонесе за зачнувањето, тој не е неопходен.

Дополнителни совети

Иако е распространето верувањето дека големиот број на сексуални односи е битен фактор за зачнувањето, експертите советуваат практикување на секс секој втор ден за да има време спремата да се обнови. Исто така, многу е важно темпирањето. Деновите пред и за време на овулација се идеално време за секс ако сакате да станете родител.

Перниче под колковите. Многу експерти препорачуваат за време на сексот да се постави мало перниче под колковите на жената за да може спермата побрзо да патува до целта.

Лежење 20-30 минути. Многу експерти се согласуваат дека жената треба да остане да лежи на грб 20-30 минути по сексуалниот однос, по можност со перниче под колковите. Или пак да ги подигне нозете во воздух и да имитира возење на велосипед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.