• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мишел Обама ги разгоре гласините за „Оземпик“ со видливо повитка фигура

25 ноември 2025, 18:30
  • cподели

Новата, нагласено витка силуета на Мишел Обама повторно распали шпекулации дека поранешната прва дама користи Оземпик или други модерни медикаменти за слабеење.

Обама на Инстаграм објави ексклузивни снимки од фотосесијата со светски познатата фотографка Ани Либовиц, за која позираше во едноставна, но шик комбинација.

„Ани отсекогаш знаела дека фотографијата може да направи повеќе од тоа да го овековечи моментот – таа може да испрати порака. Нејзината книга ‘Women’ го направи токму тоа, проширувајќи ја нашата перспектива за жените и нивните животи низ нејзините леќи“ – напиша Обама.

Но, освен пофалби, фотографиите привлекоа и бран шпекулации за тоа како Обама успева да ја одржи формата на 61-годишна возраст. На платформата „X“, корисници директно тврдат дека таа користи „Оземпик“ или други медикаменти за слабеење. „Или Оземпик, или личен тренер и строга диета… но Оземпик е полесен начин“ - е еден од коментарите.

Портпаролот на Обама не одговорил на барањето за коментар, а таа никогаш јавно не признала употреба на „Оземпик“ или други слични терапии.

Поранешната прва дама во 2022 година отворено говореше за тоа како менопаузата влијаела на нејзината телесна тежина.

„Никогаш не се мерев редовно, но за време на менопаузата го имате тој бавен раст на килограми кој и не го забележувате. Одеднаш не те собираат фармерките од минатата година“ – изјави таа.

Во поново интервју, популарната авторка порача дека шеесеттите години од животот ги доживува како „прекрасен период“, нагласувајќи дека здравјето отсекогаш ѝ било приоритет.

„Животот сега ми е полн со енергија. Не сум болна, не ме боли ништо – чувствувам дека сум витална како никогаш досега“ – рекла Обама.
 

Tags
Мишел Обама

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.