• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Миро Кацаров ги собра новинарите на дружба за старт на втората сезона од Вечер по 8

28 септември 2026, 20:00
  • cподели

Денес претпладне, во пријателска атмосфера во кафе Интермецо, се одржа невообичаена прес-конференција на која присуствуваа новинарите од македонските медиуми. Познатиот автор и ТВ водител Мирослав Кацаров во дружба со колегите го промовираше стартот на втората сезона од неговото шоу Вечер по 8. На утринско кафе обзнани дека втората сезона ќе оди ударно во сабота од 20.00 на ТВ Алфа и репризно во недела. Го најави и новото телевизиско студио кое ги задоволува сите светски стандарди за ваков тип на ноќна шоу програма.ж

Прес на Мирослав Кацаров

Кога можат политичарите да држат пресови за сè и сешто, па можеме и ние драги колеги да се собереме за прес на македонски телевизиски бренд. И вие и јас толку многу низ годините правиме за македонската музика, забава, спорт и култура па заслужуваме и ние да се собереме на прес – ја најави Кацаров во нему познат стил својата промоција на втората сезона.

Тој на почетокот кусо ја раскажа својата медиумска кариера, при што посебно ги акцентираше своите ангажмани за домашните изведувачи, музичари, актери и спортисти, нагласувајќи дека и овој проект Вечер по 8 има за цел да ги слави и истакне македонските културни брендови.

Луѓето се презаситени од увезени шоу програми од соседството. А зошто ние да не имаме телевизиски проект со кој ќе се гордееме. Ние сакаме да промовираме сè што е добро и македонско ама според светски телевизиски стандарди. Имаме големо студио, го имаме најдобриот бенд, кај нас се е во живо, нема враќање... 100% македонска програма во живо – рече Кацаров.

Прес на Мирослав Кацаров

Либеро Бенд и во втората сезона од Вечер по 8 ќе бидат заштитен знак на проектот. Тие се заблагодарија што се дел од промоцијата на македонската музика и нагласија колку е важно медиумите да бидат поддршка на македонските артисти.

Со Миро се трудиме да ја вратиме македонската музичка сцена на старите патеки, на врвот, таму каде што припаѓа. И ние како бенд, и вие како новинари, но и еве и со Миро како медиум правиме сè да свириме и пееме на македонски. И гледаме дека се повеќе луѓето и на нашите настапи бараат македонска музика, што посебно нè радува – рече Иван фронтменот на Либеро бенд.

Крајот на пресот беше вистинско шоу, Миро во негов стил, заедно со неговата ко-водителка Ангела од модната агенција Макс Моделс, која по долги години работа во Лос Анџелес стартува ТВ кариера, подготвија подароци за сите колеги и во една позитивна атмосфера само дофрлија... Вечер по 8 од 20.00 на ТВ Алфа. Дружењето продолжи и по официјалниот дел.

Ангела
Tags
Мирослав Кацаров

Најнови

  • Прес на Мирослав Кацаров

    Миро Кацаров ги собра новинарите на дружба за старт на втората сезона од Вечер по 8

    Mon, 09/28/2026 - 20:00
  • „Со гордост кажуваме дека е Македонка“: Орден за Светлана Мојсов, научничката заслужна за откритието зад лекови како Оземпик

    Mon, 09/28/2026 - 14:36
  • Доктор Злате Мехмедовиќ направи свадба со саканата Маја покрај децата: „Најубавата одлука во мојот живот си ТИ!“

    Mon, 09/28/2026 - 13:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.