• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мирко Петровски се приклучува на тимот Polleo Sport МК!

22 септември 2016, 14:32
  • cподели

Професионалниот бодибилдер Мирко Петровски е новото засилување во тимот на бренд амбасадори на Polleo Sport во Македонија. Како добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и Државната награда „8-ми Септември“ во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план, Мирко совршено се вклопува во имиџот на Polleo Sport.

Мирко Петровски

„Среќни сме што Мирко го препозна нашиот бренд и одлучи да нѝ се приклучи во мисијата за поттикнување на поквалитетен живот исполнет со спортски активности и здрави навики. Како одличен познавач на сите аспекти од фитнесот, со долгогодишно искуство како личен тренер на многу успешни спортисти во бодибилдинг, фитнес, ракомет, фудбал, пливање и други спортови, тој ќе биде одлично засилување во нашиот тим во делот на едукација на граѓаните за придобивките од правилно комбинирање на соодветни вежби и балансирана, квалитетна исхрана.“ – велат од Polleo Sport.

Мирко Петровски

Покрај тоа што од 2003 година поседува IFBB PRO CARD лиценца за натпреварување во професионалната бодибилдинг лига, Мирко е дипломиран професор по физичка култура, специјализиран за спортски тренинг и исхрана.

Тој вели дека е исклучително задоволен од договорот за соработка со Polleo Sport. „Ми претставува вистинска чест што станав дел од овој тим кој промовира здрав и активен живот. Благодарен сум што ми ја укажаа нивната доверба да ги здружиме силите во мисијата за едукација и мотивација на луѓето за достигнување на нивниот максимум во спортските и лични цели. Со Polleo Sport сите кои професионално или рекреативно се занимаваат со спорт добија пристап до висококвалитетни производи кои се неопходни, особено за нас кои се занимаваме со бодибилдинг и фитнес. Од суплементи, био и здрава храна, витамини и минерали, до фитнес опрема, облека и обувки, во Polleo Sport има сè што е потребно за вежбање и здрав начин на живот. На вас останува само желбата за поквалитетен живот.“ – објаснува Мирко.

Мирко Петровски

Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Носител е на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност. На македонскиот пазар влезе во мај годинава, со отворањето на првиот продажен центар. До сега има две продавници, а во подготовка е отворањето на третата.

Tags
Polleo Sport

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.