Мини копии: Вилијам Леви со синот, неговата сакана со ќеркичката на отворањето на ресторан
Вилијам Леви си го исполни сонот да поседува реасторан. На отворањето на „Level 29“, згодниот актер ја доби поддршката од семејството и бројни пријатели.
На свеченоста, 39-годишниот Кубанец пристигна заедно со синот Кристофер. Многумина веднаш започнаа да ја коментираат сличноста помеѓу Вилијам и 13-годишното момче.
Неговата сакана Елизабет пристигна на настанот неколку минути подоцна заедно со нивната ќеркичка Кејли. 40-годишната актерка блескаше во златна креација, додека 9-годишното девојче изгледаше преслатко во розов фустан.
Фактот што Вилијам и Елизабет не се појавија заедно, поттикна гласини дека се разделени. Тие се во врска од 2003 година.
