• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Минатата година славевме заедно, не знаејќи дека ќе биде за последен пат“: Сара Мишел Гелар за покојната Шенон Доерти

14 април 2025, 11:32
  • cподели

Сара Мишел Гелар го одбележа роденденот на Шенон Доерти, која почина во јули минатата година.

Ѕвездата од „Бафи, ловецот на вампири“ сподели фотографија и видео за да го одбележи овој важен ден, бидејќи до минатата година, двете пријателки заедно си ги прославувале родендените. Шенон, позната како Бренда од „Беверли Хилс 90210“ прославуваше на 12 април, додека роденденот на Сара е на 14 април.

Сара Мишел Гелар

„Уште откако паметам, заедно ги славевме нашите родендени Шенон Доерти. Оваа година ќе ја продолжам традицијата и ќе те славам тебе. Драго ми е што минатата година на овој ден бевме заедно, не знаејќи дека ќе биде за последен пат. Среќен роденден Шенон“ - напиша 48-годишната актерка.

Сара Мишел Гелар
View this post on Instagram

A post shared by the90s Shannen Doherty (the90sdoherty)

Сара Мишел Гелар Сара Мишел Гелар Сара Мишел Гелар Сара Мишел Гелар Сара Мишел Гелар Сара Мишел Гелар Сара Мишел Гелар

Сара и во октомври минатата година имаше споделено фотографија со Шенон, но со цел да го одбележи Месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка, болеста со која Доерти се бореше долги години пред смртта.

„Октомври е Месец за подигнување на свеста за ракот на дојка. Проверете се, донирајте или едноставно носете розово за да покажете поддршка. За жал, постојат големи шанси во моментов, некој во вашиот живот да страда од оваа срцепарателна болест“ – напиша таа.

Сара Мишел Гелар

Борбата со ракот на Шенон започна во 2015 година, кога ѝ беше дијагностициран инвазивен рак на дојка кој метастазирал барем на една лимфна жлезда. По бројни хемотерапии, губење на косата и енергијата, Шенон во април 2017 година сподели дека ракот бил во ремисија.

За жал, тоа не беше нејзино збогување со болеста. Во 2019 година, Доерти откри дека ракот на дојка повторно се врати, но овојпат беше во четврт стадиум.

Низ годините, Шенон споделуваше трогателни фотографии од губењето на косата и примањето на терапиите. На почетокот на минатата година, таа откри дека болеста се прошири и дека разви метастази на мозокот, а потоа ги зафати и нејзините коски. Таа почина во јули минатата година.

 Шенон Доерти

Шенон се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна и како Пру во серијата „Волшебнички“.

 Шенон Доерти

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.