• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Мијата со концерт во Македонската филхармонија

27 ноември 2018, 14:29
  • cподели

Камерната сала на Македонската филхармонија ќе биде местото каде што на 30 ноември (петок) во 20 часот, ќе се одржи концертот на Мијата, наречен „Јаболки и круши за уметнички души", што всушност претставува акустична кабаре претстава и одлична симбиоза на музиката и театарот.

Мијата

„Создадовме прекрасен перформанс кој изобилува со моја музика изведена од повеќе акустични инструменти како што се гитара, контрабас, перкусии, пијано... За уживањето да биде уникатно, на сцената ќе има и пантомимичар и рецитатор... Овој акустичен кабаре концерт ќе биде вистинско уживање за публиката, органска музика за сите сетила", вели Мијата.

Режијата за овој акустичен кабаре перформанс е на Војо Цветановски, а „делото“ го сочинуваат: Мијата како вокал, Мето Јанакиевски во улога на пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов на пијано, Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии) и Кирил Туфекчиевски на контрабас. Ангела Здравковска ќе биде придружен вокал, Тања Рибарска ќе ја има улогата на инспициент, а за рецитациите ќе биде задолжена Јелена Мијатовиќ.

Мијата

Преку „Јаболки и круши за уметнички души" Мијата ја раскажува својата приказна преку своите песни, но на еден многу интимен начин.

Ова е ретка можност еден вокален изведувач да се најде во улога и на актер и тоа во концертно издание. Мијата со сите овие уметници на сцена, ќе создаде едно ново видување на својата музика раскажано на акустичен начин и ќе ги соедини за миг, музиката и театарот.

Ова е чекор понапред во концептот наречен македонска забавна музика.

„Едно е сигурно, заедно со публиката во прекрасниот амбиент на Камерната сала на Македонската филхармонија, ќе создадеме ноќ за паметење“ - додава Мијата.

Мијата

...Се започна од јаболкото... Серпентијата ме научи како да се насладувам со сокот јаболков...

Билетите по цена од 400 денари се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk.

Tags
Мијата

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.