• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ми се оствари сонот“: Жена родена без матка доби две ќерки откако ѝ беше извршена трансплантација

16 декември 2021, 09:40
  • cподели

Жена родена без матка, на која ѝ велеле дека никогаш нема да забремени и да роди свои деца, доби две ќерки откако ѝ била извршена трансплантација.

Џенифер Дингл доби матка донирана од друга жена и си го оствари сонот да стане мајка.

„Ги гледам моите ќерки и не ми се верува дека се реални. Ми се оствари сонот“ – рекла таа.

Џенифер Дингл Џенифер Дингл

Видео

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Џенифер имала само 14 години кога ѝ соопштиле дека страда од ретка медицинска состојба поради која е родена без матка.

„Докторот тивко ми рече дека иако можам да произведувам јајце-клетки, никогаш нема да можам да забременам“ – изјавила таа за моментот кога ја добила дијагнозата.

Несреќната девојка ја криела оваа информација во себе, бидејќи не се чувствувала комплетна и не сакала никој да ја знае нејзината тајна. Но, во 2010 година, Џенифер го запознала нејзиниот иден сопруг Џејсон.

„Знаев дека тој е вистинскиот и тоа значеше дека треба да му дадам шанса да си замине пред да се заљубиме премногу длабоко еден во друг. Заслужуваше да ја знае вистината дека никогаш не можам да имам бебе. Беше изненаден, но веднаш смирено ми возврати дека нема да оди никаде и дека еден ден ќе станеме родители. Му поверував“ – рекла таа.

Џенифер Дингл

Парот стапи во брак во 2014 година, но состојбата на Џенифер започнала да ѝ носи сè поголема и поголема тага.

„Премногу ме болеше кога луѓето околу мене започнаа да раѓаат бебиња“ – рекла таа.

Не можејќи повеќе да ја крие болката, разговарала со мајка си за депресијата и очајот со кои се соочувала. „Џенифер, ќе станеш мајка, само треба да почекаш да видиш што се крие зад аголот“ – ѝ рекла мајка ѝ.

По неколку дена, добила повик од мајка си која ѝ кажала дека се спроведува експериментална трансплантација на матка и дека се бараат 10 жени. Во декември 2016 година, Џенифер добила матка од жена која не ја познавала.

„Не ми се веруваше дека постои жена која имаше желба да легне под нож цели 9 часа за да ја донира утробата на некој непознат. Нема начин на кој можам да ја опишам мојата благодарност кон неа. Не ѝ го знаев името или изгледот, само знаев дека веќе има деца“ – објаснила благодарната жена.

Џенифер Дингл

Еден месец по операцијата, Џенифер видела крв и помислила дека телото ѝ ја отфрла матката. Но, тоа била првата менструација во нејзиниот живот. „На 27 години ја добив мојата прва менструација. Беше неверојатно“ – рекла Џенифер.

По успешното ин витро оплодување, парот имал 5 оплодени ембриони. Еден од нив бил трансфериран во утробата на Џенифер и таа забременила со првото дете.

Џенифер Дингл

„Вредеше секоја болка за љубовта која ја почувствував кога ја зедов во раце“ – рекла среќната мајка.

Џенифер Дингл Џенифер Дингл Џенифер Дингл

Шест месеци по раѓањето на првото дете, докторите ја прашале Џенифер дали сака да проба повторно да забремени. „Џејд се роди во февруари минатата година и уште еднаш тотално бев вљубена“ – рекла Џенифер, која сака да ѝ се заблагодари на жената која ѝ ги исполнила соништата.

„Сакам да ѝ се заблагодарам што ми помогна да си ги остварам сите мои соништа. Жените се воини. Сакам да им покажам на моите девојчиња дека сè е возможно“ – додала таа.

Џенифер Дингл Џенифер Дингл
Tags
стории
трансплантација

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.