Планетите ветуваат дека ноември во глобала ќе биде многу подобар месец, затоа што дури три планети ќе го прекинат своето ретроградно движење.
Октомври не ѝ беше многу наклонет на љубовта и љубовните врски. Венера, планетата на љубовта, се движеше ретроградно и ќе продолжи да се движи така во првата половина на ноември. Но, на 18-ти ноември таа ќе го прекине ретроградното движење и со тоа ќе им го подобри љубовниот живот на претставниците на сите хороскопски знаци.
Ноември е месецот на шкорпиите, затоа што Сонцето во текот на првите три седмици престојува во тој хороскопски знак. Позитивното влијание на Сонцето ќе го почувствуваат и стрелците, затоа што стрелец е следната негова дестинација.
| Дата | Случување |
| 6. ноември | ☽ Настапува млада месечина во шкорпија |
| 7. ноември | ♀ Венера влегува во вага (ретроградно) |
| 8. ноември | ♆ Нептун преминува во директно движење во водолија |
| 9. ноември | ☿ Меркур влегува во стрелец |
| 18. ноември | ♀ Венера преминува во ретроградно движење во вага ♃ Јупитер преминува во ретроградно движење во риби |
| 21. ноември | ☽ Настапува полна месечина во бик |
| 22. ноември | ☉ Сонцето влегува во стрелец |
| 29. ноември | ♀ Венера влегува во шкорпија |
| 30. ноември | ☿ Меркур влегува во јарец |
Табела: најважните дати за месец ноември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: