Август нема да биде еден од најповолните периоди, особено за оние кои планираат да воведат големи промени во својот живот или пак да преземат ризични потези. Претставниците на најголем дел од астролошките знаци ќе сакаат да постигнат повеќе цели одеднаш, но за жал или ќе постигнат само неколку или воопшто нема да доживеат успех.
На крајот на првата седмица од месецов (7 август), ќе се случи редок астролошки феномен наречен Кардинален крст.
i
Голем Кардинален крст се нарекува настанот кога 4 планети се наоѓаат под агол од 90°. Големиот крст може да се разгледува и како две опозиции, т.е. поставеност на планетите под агол од 180°. Во Големиот крст има по една планета во секој астролошки елемент (оган, земја, воздух и вода).
Големиот крст на 7 август вклучува 7 планети: Уран и Јупитер ќе бидат во овен, Месечината во Рак, Венера, Марс и Сатурн ќе бидат во вага, а Плутон во јарец.
Кардиналните знаци (овен, рак, вага и јарец) најмногу ќе го почувствуваат влијанието на Големиот крст, но и другите знаци нема да останат незасегнати.
Во текот на август дури 5 планети ќе бидат во ретроградно движење и тоа: Уран, Јупитер, Меркур, Плутон и Нептун.
| Дата | Случување |
| 7. август | ♀ Венера влегува во вага |
| 10. август | ☽ Настапува млада месечина во лав |
| 14. август | ♅ Уран влегува во риби (ретроградно) |
| 20. август | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во девица |
| 23. август | ☉ Сонцето влегува во девица |
| 24. август | ☽ Настапува полна месечина во риби |
Табела: најважните дати за месец август и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот знак подолу и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: