• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Менструални производи – привилегија или потреба?

21 март 2024, 12:24
  • cподели

Голем број од припадничките на женскиот пол барем еднаш го искусиле оној момент кога им недостасувале менструални производи, па посегнале по различни алтернативни решенија, или пак барале поддршка од други жени. Но, дали некогаш сте размислиле како жените ширум светот кои живеат во потешки услови се соочуваат со период на кој честопати му даваме различни шифри и го нарекуваме „оние денови“ во месецот? Поточно, како изгледа кога потребата станува луксуз?

Кога „оние денови“ за многу жени стануваат тешки за справување, доаѓаме до поимот менструална сиромаштија. Но, дали всушност знаеме што точно овој поим подразбира и зошто е и понатаму актуелен во 21 век? Со цел да се разјасни овој поим, најприближната дефиниција гласи: недоволно образование за менструална хигиена, репродуктивно здравје и менструални производи, недостаток на санитарни услови, пристап до вода, здравствена заштита и лекови против болки.

dm Jessa

За менструални влошки годишно трошиме повеќе од 3.000 денари

Со овој вид на сиромаштија се соочени дури половина милијарда жени во светот, а во нашата земја, да се биде женско значи месечно да се издвојува меѓу 100 и 400 денари за одржување на основната менструална хигиена, покажува истражувањето на организацијата „Тиииит! Инк.“ во партнерство со „Реактор“ од 2021 година*. Според ова истражување, секоја трета учесничка во истражувањето барем еднаш во животот се нашла во ситуација да нема пари да купи влошки и да мора да импровизира со крпи или тоалетна хартија (половина од овие учеснички и повеќепати). Според истото истражување, повеќе од 43% од испитаниците отсуствувале од училиште заради менструација, 63% од нив вообичаено еден ден во месецот, а 21% два дена.

Борба за намалување на цените на менструалните производи

Покрај намалувањето на данокот на менструалните производи во нашата земја, неопходно е придонес кон оваа борба да даде и приватниот сектор, а позитивен напредок се гледа во потегот на компанијата dm дрогерие маркт која на почетокот на оваа година направи пионирски чекор на полето на намалување на цените на менструалните производи. Имено, овој дрогериски ланец во склоп на СЕКОГАШ ПОВОЛНО концептот, долгорoчно ги намали цените на влошките и тампоните од нивната dm марка Jessa.

Да ги викаме ,,оние денови“ во месецот со нивното право име – менструација

Менструацијата одамна е претставена како табу тема за која и денес тивко се шепоти. Нема да згрешиме ако кажеме дека девојчињата уште од раното детство се учени овој период од месецот да го нарекуваат со различни имиња – „оние денови во месецот“, „женски проблеми“, „женска работа“, избегнувајќи го едноставниот израз – менструација. На сите барем еднаш им се случило во текот на менструацијата да стават влошка во ракавот или во задниот џеб на пантолоните, за да се сокријат од очите на другите дека имаат менструација. Затоа е време отворено да зборуваме за тоа и да се преземат конкретни чекори кон дестигматизација на менструацијата и предизвиците кои таа ги носи со себе.

Едно е сигурно, основната хигиена треба да ѝ биде достапна на секоја жена или девојка, без разлика на социјалниот статус, бидејќи менструацијата не е избор и не треба да претставува луксуз. Водејќи се по наведените позитивни примери, од големо значење е активирањето на што поголем број на актери на пазарот, за да се извојуваат мали победи кои водат кон оние големите и кон достоинствен менструален циклус за секоја жена.

*Реактор – истражување во акција, Тиииит! Инк.(2021), Менструална правда - Сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија, проценка на состојбитесо менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.