• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Мел Си од Spice Girls се омажи во венчаница од Викторија Бекам, свадбата како од бајките

21 јули 2026, 22:50
  • cподели

Мелани Чисхолм викендов стапи во брак со Крис Дингвол на интимна церемонија во живописниот англиски Лeјк Дистрикт во Англија.

52-годишната пејачка, позната како Мел Си или „Sporty Spice“ од легендарната група Spice Girls, му го кажа судбоносното „Да“ на австралискиот модел и продуцент во минималистичка бела венчаница.

Невестинскиот фустан беше специјално дизајниран од нејзината долгогодишна пријателка и поранешна колешка од групата, Викторија Бекам.

Верна на својот препознатлив „Sporty“ имиџ, Мел Си и на свадбениот ден не се откажа од спортската естетика. За подготовките носеше специјално изработена свилена Adidas наметка, а по свечената вечера, се пресоблече во свилен комплет инспириран од тренерки кој го комбинираше со персонализирани бели Adidas патики.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

На свадбата присуствуваа останатите членови на женската група, Мел Би, Џери Халивел и Ема Бантон, кои позираа заедно со невестата на фотографија објавена во Vogue. 

За жал, Викторија не можела да присуствува поради обврски во Њујорк.

Пејачката откри дека со Крис се запознала во 2023 година преку апликацијата за запознавање Raya и дека веднаш почувствувала силна поврзаност.

„Искрата беше моментална. Тој стана прекрасно дополнување во мојот и во животот на мојата ќерка. Совршено се вклопи во нашето семејство“ – изјави Мел Си за Vogue.

Tags
Мел Си

Најнови

  • Торта на 5 ката и луда забава: Брена, Јаков и Џејла пееја на роденденот на ќерката на Александра Пријовиќ

    Fri, 09/04/2026 - 13:11
  • „Зад изгледот на голема ротвајлерка се крие едно големо маче“: Приказната за Кармен која по 142 дена во „Лајка“ конечно го најде својот дом

    Fri, 09/04/2026 - 12:12
  • Септември е тука, но тука е и Wolt да го олесни секојдневието

    Fri, 09/04/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.