• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Меки допири со „Mellow“ – новата колекција на Евгенија Зафировска

15 март 2021, 12:50
  • cподели

Познатата модна дизајнерка Евгенија Зафировска претстави над триесет уникатни креации под етикетата на брендот „EZ“, кои се наменети како за домашниот пазар, така и за љубителите на нејзината естетика во странство.

„Меllow“ е симболичниот назив на новата колекција, чиишто текстури и волумени навидум еволуираат низ визуелни контексти без ограничувања и хоризонти. Триесетината модни парчиња се повеќенаменски, изработени во целост од природни материјали и со кроеви што ѝ ласкаат на формата на телото.

Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција

Во понудата на дизајнерката која живее и создава на релација Скопје-Љубљана, одново доминираат минимализмот и геометриските форми, како нејзин препознатлив стилски печат. Асиметричните креации се подеднакво нежни и впечатливи, со мека палета на тонови во која преовладува белата боја.

„Инспирација ми беше новата (не)реалност, кадешто ни се чини како времето да е во мирување. На површината сме решителни и смели, а во длабочината ранливи и кревки. „Mellow“ претставува моја идејна колекција за сегашноста, а воедно е и интимен осврт кон иднината, согледаани низ модна призма. Имав за цел да го одразам влијанието на околината, особено кога е нашата гардероба во прашање“ - истакнува Евгенија Зафировска.

Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција

Филозофијата на брендот „ЕZ“ е инвестирање во одржлива мода, преку изработката на парчиња облека кои немаат сезонски рок на траење, односно можат да се носат со години, во секакви пригоди и различни временски доба. Високиот квалитет, издржливоста на материјалите и безвременскиот дизајн се атрибути и на новата колекција „Меllow“.

Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција

За презентација на креациите на македонскиот пазар и во странство, дизајнерката подготви наменски каталог за сите модели. Уметнички директор на промотивната кампања е Милан Атанасов. Фотографиите се дело на креативното дуо Ангела Стојковска и Софи Лазовска од Frozen Time Drops, а во улога на заштитно лице се појавува манекенката Ана Ежова.

Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција Евгенија Зафировска колекција

Колекцијата „Меllow“ од денес е достапна online на официјалната веб страница и социјалните мрежи на Евгенија Зафировска.

Tags
Евгенија Зафировска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.