• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Меган Маркл во зелен фустан до принцот Хари кој со емоции одржа говор за болни деца

16 октомври 2019, 10:14
  • cподели

Меган Маркл и принцот Хари рака за рака пристигнаа на доделувањето на наградите „WellChild“ во Лондон.

37-годишната војвотка шармираше во зелениот фустан кој го носеше за објавувањето на свршувачката во 2017 година. Креацијата доаѓа од брендот P.A.R.O.S.H. Својот изглед, Меган го надополни со бежово палто од Sentaler, чантичка од Montunas и салонки од Manolo Blahnik.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

На манифестацијата посветена на сериозно болни деца, принцот Хари држеше говор во кој зборуваше за новата улога на татко и едвај ги совлада емоциите. Тој откри дека за време на минатогодишното доделување на наградите со Меган знаеле дека наскоро ќе станат родители, но сè уште не можеле да ја споделат веста со светот.

Тој им оддаде почит на инспиративните деца, кои се соочуваат со тешки болести и призна дека сега, кога е татко, тоа допира многу подлабоко во него.

„Се сеќавам дека силно ѝ ја стегав раката на Меган за време на наградите и двајцата си мислевме како ќе биде кога еден ден ќе станеме родители. Обраќањето до вас сега, како родител, ми допира до срцето на начини кои никогаш не можев да ги разберам, сè додека не добив свое дете. Никој родител не сака да слушне дека неговото дете ќе страда, дека ќе се соочи со неверојатни предизвици кои ќе влијаат на целиот негов живот.“

„Откако ги запознав сите родители и деца на ‘WellChild’ во текот на годините, тие успеаја да ни дадат смисла за оптимизам и надеж и сила кои ниту еден професионалец, ниту еден бестселер или совет не може да ни ги даде, па ви благодарам што сте онакви какви што сте“ – рече Хари.

Видео

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

Наградите „WellChild“ ги слават инспиративните квалитети на сериозно болни деца и млади лица од Велика Британија, како и посветеноста на оние кои се грижат за тие деца да бидат здрави и среќни.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари
View this post on Instagram

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on Oct 15, 2019 at 2:18pm PDT

Tags
Меган Маркл
принцот Хари

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.