Меган Маркл сподели невидени фотографии од свадбата, го покажа емотивниот подарок од Хари за годишнината
По повод осмата годишнина од бракот, Меган Маркл и принцот Хари ги изненадија своите следбеници со досега невидени фотографии од кралската венчавка.
Војвотката од Сасекс на социјалните мрежи сподели два албума од свадбената церемонија и веселбата. На фотографиите е прикажан првиот танц, страсни бакнежи и романтични прегратки на парот, како и весели мигови со блиските.
„Денешниот ден, пред осум години“ – напиша таа во описот на објавите.
Меган сподели и дека од Хари добила подарок со силно значење. Во видео таа покажа бронзена статуа од два прегрнати пингвини.
Зборувајќи им на Арчи и Лилибет, поранешната актерка објасни: „Кога мама и тато се верија, имавме забава со нашите пријатели и им рековме на сите да носат комбинезони со животни. Ние бевме пингвини. Бидејќи заедно сме доживотно“.
Парот славеше во интимна атмосфера со малите деца и симболично дувна свеќи на елегантна торта со лимон.
Свадбата на Хари и Меган се одржа на 19 мај 2018 година во капелата „Сент Џорџ“ во Виндзор и беше следена од милиони луѓе ширум светот. Настанот остана запаметен како една од најгледаните и најгламурозни кралски венчавки во поновата историја.
По повлекувањето од кралските должности, двојката го продолжи животот во Калифорнија.