• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ме враќа таа глетка на празен фрижидер“: Слаткар искрен за скромниот живот во детството и тажната реалност зад „Да полетам“

9 јули 2026, 14:00
  • cподели

Марко Маринковиќ - Слаткар беше гостин во емисијата „Претрес“ со Кристијан Ландов, каде во емотивно интервју се отвори за многу теми од приватниот живот. Македонскиот рапер за првпат подетално прозборе за инспирацијата зад неговиот голем хит „Да полетам“, автобиографска песна која ги опишува деновите кога неговото семејство едвај врзувало крај со крај.

Слаткар призна дека и денес, по толку години, му е исклучително тешко да ја изведува оваа нумера во живо. Тој не крие дека сцената често знае да го совлада, па мора да го крие лицето од публиката за да не ја покаже својата ранливост во целост.

„Кога сум горе на бина и кога ќе дојдат тие моменти – обично таа песна ми е последна на репертоар – секогаш во таа фаза имам или капуљача или класична крпа и многу често знам онака да се покријам.

Бидејќи не можам да кријам солзи, ама не е фер да земам тука да плачам во јавност. А често плачам, сите ние плачеме. Мислам дека плачот е нашата најприродна реакција. Доаѓаме со плач и си заминуваме со плач. Не знам зошто нас ни е ставено во глава дека тоа е срамота.“

Секој стих од „Да полетам“ го враќа 39-годишниот музичар во реалноста на неговото детство и борбата на неговите родители да му обезбедат пристоен живот и покрај немаштијата.

„Ми текнува на сè. Ми текнува колку сме немале. Ми текнува на стариот мој, знаеш како, низ што сè поминал, па тоа некако ме враќа во живот. Па си викам: ’Ајде немој да се жалиш ти‘. Стариот поминал низ многу потешка ситуација од твојата.“

„Но, не можам, пак те враќа таа глетка на празен фрижидер и тоа собирање. Не знам дали си налетал ти, родителите порано онака со ливче ќе наредат сметки, не можат да соберат крај со крај. Толку пари за ова, толку пари за она. И знаеш како, рачуна наново.“

И покрај сите материјални предизвици и сиромаштијата со која се соочувале, Слаткар потенцира дека она што го спасило и го извело на вистинскиот пат е неизмерната љубов која ја добивал дома.

„Отсекогаш имав љубов дома, тоа ваљда ме држело во живот. Ама многу сме немале, многу сме немале. Сме биле онака, спојуваш крај со крај“ - дополни тој.

Слаткар не крие дека неговиот татко растел во дом за деца без родители.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pretres.mk (@pretres.mk)

ВИДЕО:

Спотот за „Да полетам“:

Tags
Марко Маринковиќ-Слаткар

Најнови

  • Сладок момент татко-ќерка: Адам Левин паузираше концерт за да ја бакне малата ќеркичка во публиката

    Thu, 07/09/2026 - 14:52
  • Приказната за Силјан

    Огромен успех: Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска со ДВЕ номинации за Еми награда

    Thu, 07/09/2026 - 14:37
  • „Ме враќа таа глетка на празен фрижидер“: Слаткар искрен за скромниот живот во детството и тажната реалност зад „Да полетам“

    Thu, 07/09/2026 - 14:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.