• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Мажите мислат дека жените користат многу шминка

10 јануари 2010, 18:17
  • cподели

Многу жени не можат да го замислат својот живот без шминка. Ако е правилно избрана и нанесена, шминката може да ги истакне убавите женски црти на лицето, но ако се претерува со нејзината употреба може да се постигне спротивен ефект.

Иако многу жени сметаат дека мажите сакаат силна шминка, истражувањата го покажуваат точно обратното. Истражување во кое учествувале 2000 возрасни лица, покажало дека секој петти маж посакува неговата партнерка да употребува помалку шминка, а секој десетти признал дека сака жени кои воопшто не употребуваат шминка.

Жена со убаво лицеПовеќето мажи преферираат жени со природен изглед.

Истражувањето откри и дека поголем дел од жените користат шминка само поради тоа што не се задоволни од својата кожа на лицето, а не дека сакаат да ги импресионираат претставниците на спротивниот пол. Повеќе од третина од учесничките во истражувањето признале дека не би излегле од дома без да си стават шминка на лицето.

Интересен заклучок е дека поголем дел од мажите никогаш не би ѝ кажале на својата партнерка дека сметаат дека користи премногу шминка. Можеби за некои е изненадување, но мажите ги сметаат за попривлечни жените кои имаат поприроден изглед.

Ејми ВајнхаусМажите сметаат дека шминката на Ејми Вајнхаус е одбивна.

Врз основа на ова истражување била направена листа на работи во шминкањето кои мажите ги сметаат за најодбивни. Дел од таа листа се:

  • кармин на забите;
  • премногу руменило;
  • дебел слој пудра;
  • светол кармин;
  • светла сина сенка за очи;
  • јасно видлива граница меѓу природниот тен пудрата на лицето во областа на брадичката;
  • оцртување на очите во стилот на Ејми Вајнхаус.

Па, од сето ова произлегува дека за шминката важи правилото „колку помалку, толку подобро“.

Елизабет Тејлор во улогата на Клеопатра

Дали знаете дека...

Драматичната силна шминка на очите на Египјаните, освен поради естетски, се користела и поради здравствени причини.

Истражување на тим од музејот Лувр и институтот за истражувања CNRS, покажа дека Египјаните ја користеле шминката на очите и за да ги спречат инфекциите на очите. Со помош на аналитичка хемија, тие откриле дека малите количини олово го активираат одбранбениот имунолошки систем кој се бори против бактериите што предизвикуваат инфекции на очите.

Tags
жени
шминка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.