• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Мажите лажат повеќе од жените

18 мај 2010, 10:44
  • cподели

Тешко може да им се верува на мажите и жените добро го знаат тоа. Сега вечните женски сомневања се и потврдени – мажите лажат повеќе од жените.

Истражувањето кое ни ги даде потребните докази било спроведено од познатата агенција OnePoll со учество на 3000 мажи и жени.

Маж и жена на состанокМажите лажат повеќе од жените и поретко чувствуваат грижа на совеста.

Резултатите покажале дека просечниот маж кажува 1092 лаги секоја година, т.е. 3 лаги дневно, а просечната жена 728 лаги годишно, т.е. лаже 2 пати дневно.

Жените откако ќе излажат се чувствуваат повиновни и 82% од нив изјавиле дека потоа ги гризе совеста. Од друга страна, 70% од мажите изјавиле дека имаат чувство на вина откако ќе излажат некого.

Мнозинството од учесниците (75%) веруваат дека е во ред да излажеш некого за да не ги повредиш неговите чувства.

Еве кои се најчестите женски и машки лаги:

Женски Машки
1. Ништо не ми е, добро сум Не испив толку многу
2. Не знам каде е, го немам допрено Ништо не ми е, добро сум
3. Не беше толку скапо Немав сигнал
4. Не испив толку многу Не беше толку скапо
5. Имам главоболка Веќе тргнав натаму
6. Беше на распродажба Заглавив во сообраќајот
7. Веќе тргнав натаму Не, твојот задник не изгледа голем
во таа облека
8. Ох, веќе долго време го имам ова Извини, го пропуштив твојот повик
9. Не, не го фрлив Ослабев
10. Отсекогаш сум го посакувала ова Отсекогаш сум го посакувал ова
Tags
лажење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.