Мат Киатипис - МК неодамна ја посети Македонија, а престојот во земјава го претвори и во музичка приказна. Во соработка со еден од најактуелните македонски урбани артисти Young Dadi, американскиот кошаркар ја објави песната „Pick N’ Roll“.
Песната е продуцирана од Андреј Ник, а интересен детаљ е што спотот бил снимен уште првиот ден кога MK пристигна во Скопје. По престојот во главниот град, Киатипис продолжи во Куманово и Охрид.
Инаку, Мат има македонско потекло, па токму затоа посетата на нашата земја имаше посебно емотивно значење за кошаркарот.
Самото име на песната е совршен спој на нивните светови - кошарката на MK и музиката на Young Dadi. Така, една посета на Македонија прерасна во интернационална соработка која ги поврза спортот, музиката и македонската урбана сцена.
Видео