Марта блеска во бременоста: Сопругата на Стефан Лазаров сними трудничка фотосесија во Охрид
Марта Лазарова ужива во секој момент од бременоста и со нетрпение го очекува пристигнувањето на новиот член на семејството.
Сопругата на јутјуберот и водител Стефан Лазаров сними нежна трудничка фотосесија, на која со гордост го покажува своето пораснато стомаче.
Фотографиите се направени во прекрасниот Охрид, а зад објективот стои нејзина блиска пријателка од средно училиште, што целото искуство го прави уште поспецијално. Пренесувајќи ја магијата на овој животен момент, фотографката напиша:
„Да гледаш како средношколската другарка влегува во нова улога е нешто навистина посебно. Има поинаква убавина во жената која станува мајка...“
Марта и Стефан стапија во брак во 2023 година и очекуваат синче.