Марко Шкугор го доби третото дете точно на полноќ, на Нова година пееше со медицинските сестри
Точно на полноќ на новогодишната вечер, Марко Шкугор го доби најскапоцениот подарок.
На 36-годишниот хрватски пејач му се роди третото дете токму кога стрелките се поклопија и го означија почетокот на 2026 година. Марко сподели фотографии и видеа на Instagram и покажа дека ноќта ја помина пеејќи со медицинските сестри во болницата во Шибеник.
Бебенцето е девојче, а го доби името Марис.
„Нашата принцеза родена на 01.01. точно во 00:00. Ви посакувам Среќна и здрава Нова 2026. година“ – напиша тој.
Марко со сопругата Ивана веќе имаат две синчиња.