• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Марк Антони го откри полот на неговото ОСМО дете, второ со сегашната сопруга

30 март 2026, 13:08
  • cподели

Два месеци откако ја соопштија веста дека ќе добијат уште едно дете, Марк Антони и Надја Фереира го открија полот на нероденото бебе.

56-годишниот пејач и 26-годишната поранешна Мис Парагвај споделија семејни фотографии со кои споделија дека очекуваат девојче.

Среќната вест ја објавија преку заеднички пост на социјалните мрежи. На фотографиите од албумот, Надја позира со мали розови бебешки чевлички, а во описот стои:

„Изненадување полно со љубов…“.

Парот веќе го има синот Марко, кој се роди во 2023 година.

За Марк, ова ќе биде осмо дете, со оглед на тоа што има деца и од претходните врски и бракови меѓу кои и близнаци со Џенифер Лопез.

Музичката ѕвезда и убавата мисица стапија во брак во јануари 2023 година. Веста за новото бебе доаѓа во период во кој Антони повеќепати истакна дека токму семејството му е најголем приоритет во животот.

„Кога имаш деца, сè доаѓа со чувство на одговорност. Секогаш кога подготвувам настап, се прашувам што би мислеле сите мои деца ако седат заедно и ме гледаат во истиот момент.“

„Сакам да бидат горди на мене и секогаш го земам предвид тоа – што би рекле моите деца ако сите беа во првиот ред. Тоа постојано ми е на ум.“

„Сè што сум направил во животот, го правев мислејќи на моето семејство“ – рекол тој.

Tags
Марк Антони
Надја Фереира

Најнови

  • Марк Антони го откри полот на неговото ОСМО дете, второ со сегашната сопруга

    Mon, 03/30/2026 - 13:08
  • „На Велигден“ – Џина Папас Џокси со нова верзија и спот за една од најубавите празнични песни

    Mon, 03/30/2026 - 11:04
  • Пееше заедно со колегите, уживаше во прегратка на саканата... Сергеј Ќетковиќ го прослави 50-тиот роденден со гала-забава

    Mon, 03/30/2026 - 10:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.