Малума и Сузана Гомез се пресреќни што нивното семејство се прошири со нов член.
32-годишниот колумбиски пејач и неговата девојка го добија второто дете на кое му дадоа необично „небесно“ име – Орион Лондоњо Гомез.
Малума ја сподели радосната вест на социјалните мрежи, објавувајќи црно-бела фотографија на која го држи новородениот син во рацете, додека со другата рака ја прегрнува Сузана, која лежи во болничкиот кревет.
„Орион Лондоњо Гомез. 14/09/26“ – напиша пејачот, откривајќи дека нивниот син се родил во понеделникот.
Орион е име од старогрчко потекло, најпознато по митолошкиот ловец Орион и соѕвездието Орион. Името најчесто се поврзува со ѕвездите, небото, силата и величественоста.
Малума и Сузана се заедно од 2020 година. Парот веќе ја има 2-годишната ќерка Парис, која се роди во март 2024 година.

Во мај годинава тие објавија дека повторно ќе станат родители. На фотографијата споделена по повод Денот на мајката, Малума и Парис нежно го бакнуваа трудничкото стомаче на Сузана.