• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Малото шефче го диктира ритамот“: Дариа за првиот одмор со бебенцето, мајчинството и Мандар како татко

15 септември 2026, 21:22
  • cподели

За Дариа и Васил Мандаровски, 2026 година е одбележана со најважните и најубавите настани во нивните животи.

Пред четири месеци стапија во брак, пред два месеци станаа родители, а овој месец за првпат летуваа со бебенцето.

За Фемина, Дариа искрено зборуваше за мајчинството, првото семејно летување со Илина, малите предизвици со кои се соочиле, но и за тоа како Мандар се снаоѓа во својата нова, најубава улога на татко.

Ова лето за првпат заминавте на одмор со Илина. Како изгледаше вашето прво патување како семејство и какви ви се првите впечатоци?

Морам да кажам дека бев малце скептична за како ќе изгледа ова искуство, но редно беше да се препуштиме на моментот, бидејќи ова е нашиот нов живот.❤️ Патувањето помина супер, имавме малце потешкотии на моменти, но со позитивна мисла и помош од баба и дедо, брзо се снајдовме и сè си помина како што треба. 

Дали имавте некои стравови или дилеми пред да тргнете на пат со толку мало бебенце, и што ви се покажа како најголем предизвик во пракса?

Не би ги нарекла стравови, туку повеќе двоумење за како ќе се снајдеме. Најголем предизвик беа првите 2/3 дена, бидејќи малце реагираше на промената на средината и имаше почесто моменти на плачење, но на крај се снајдовме. 

Какво бебе е Илина? Дали е мирна и дали лесно се адаптираше на новата средина и промената на местото?

Зависи од денот, преку ден знаеше да биде кенкава, а навечер со држење на истата рутина од дома, немавме големи маки.

Како изгледа еден ваш заеднички ден на одмор – дали успевате да се опуштите и да уживате, или ритамот целосно го диктира Илина? 😊

Ритамот го диктира малото шефче, таман мислиш ќе спие, и ќе почне да лумпува, мислиш ќе биде мирна - почнува со плачење..😂 Ама мислам дека овие работи се нормални и само треба навика на истите. 

Како би го опишала твоето искуство со мајчинството досега? Дали е онака како што си го замислувала пред да ја земеш Илина во раце?

Не можам да го споредам со ништо, не може со зборови да се опише тоа што го поминуваш кога ќе го земеш бебчето во раце, мислам дека сите мајки ќе се сложат со мене.❤️ Ништо не е како што замислував, ама тоа е тоа што го прави ова искуство уникатно и специјално. 

Како се снаоѓа Мандар во улогата на татко? Дали е поинаков со Илина отколку што си очекувала?

Супер се снаоѓа, подобро од тоа што очекував. Во моментите кога ми бил најпотребен, секогаш бил тука и многу брзо се внесе во улогата на тато.🥰

Дали мајчинството нешто промени во вашиот однос со Мандар? Дали ве зближи на некој поинаков начин?

Сè уште е рано и мислам дека уште повеќе ќе се зближиме, но ова е еден голем благослов и „предизвик” што нè прави посилни како пар секој ден.

Го изненади Мандар со уникатна торта со фотографија од пресладок момент со Илина. Како реагираше на изненадувањето?

Никогаш го немам видено толку оставен без зборови, мислам дека пораката ‘Среќен Роденден Тато’ беше тоа што најмногу го допре и израдува.❤️

Од оваа перспектива, што би ѝ кажала на Дариа од пред една година, пред да стане мајка?

Дека уште не е свесна колку прекрасен дел од животот ѝ следува, и дека е силна и спремна на сè.

Кога ќе ги погледнеш фотографиите од првиот семеен одмор, што сакаш Илина еден ден да знае за ова ваше заедничко лето?

Дека ова било првиот нејзин момент каде што тие малечки ноџиња ги брцнала во море.🤗

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daria🤍 (@dariamandarovska)

Tags
Дариа Мандаровска
Васил Мандаровски – Мандар

Најнови

  • „Малото шефче го диктира ритамот“: Дариа за првиот одмор со бебенцето, мајчинството и Мандар како татко

    Tue, 09/15/2026 - 21:22
  • Приказната на „македонската Пепелашка“: Нермина Џафероски од трошна куќа во Велес стигна до живот од соништата во Америка

    Tue, 09/15/2026 - 20:10
  • Иднина која инспирира

    „Иднина која инспирира“: пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка

    Tue, 09/15/2026 - 15:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.