• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мали херои: Кучиња спасија две жени од сексуален напад од перверзник во Мелбурн

15 јули 2026, 20:55
  • cподели

Шест кучиња станаа вистински херои откако ги одбранија своите сопственички од маж кој наводно се обидел сексуално да ги нападне во парк во Мелбурн.

Инцидентот се случил во вторникот наутро во паркот „Ригети Овал“ во населбата Кујонг. Двете жени шетале со своите миленици кога од грмушките ненадејно излегол непознат маж и ја нападнал едната од нив.

Жената успеала да му се оттргне, но според информациите, напаѓачот веднаш се насочил кон нејзината пријателка. И таа успеала да се одбрани, а токму тогаш кучињата реагирале и тргнале по мажот.

На снимката објавена на социјалните медиуми, која ја направила една од жените, се гледа како шесте кучиња од различни раси го бркаат напаѓачот низ паркот, лаејќи по него. Едното од нив, австралиски говедар, успеало да го гризне за ногата и да му ги искине панталоните, по што мажот побегнал во тунел.

Видео

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 9News Melbourne (@9newsmelbourne)

И покрај тоа што успеал да избега, полицијата интензивно трага по осомничениот и води истрага за обид за сексуален напад.

Tags
куче

Најнови

  • Сестрата на Кристијано Роналдо си го трансформираше телото, го прослави 49-тиот роденден во бикини

    Sun, 10/25/2026 - 22:10
  • Ивона Антова

    „Колку сурово е да му честиташ роденден на детето кон небото“: Мајката на Ивона, која загина во пожарот во „Пулс“, со потресно писмо

    Sun, 10/25/2026 - 18:00
  • Ивана Ѓорѓиоска

    „Кога имав сила, го ставав турбанот и излегував, не сакав болеста да ми го одземе животот“: Исповед на мајка на две деца од Прилеп за борбата со рак

    Sun, 10/25/2026 - 16:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.