• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Малдивите се рајот на земјата“: Исидора за медениот месец со Марио од 2Бона

10 февруари 2026, 12:30
  • cподели
Исидора и Марио Јелиќ

На самиот почеток на 2026 година, Исидора Јелиќ и нејзиниот сопруг Марио Јелиќ, познат како Кун од 2Бона, одлучија новото животно поглавје да го започнат далеку од секојдневниот ритам, на една од најромантичните дестинации во светот. Имено, за младата двојка, која минатата година ја круниса љубовта со брак, Малдивите со својата убавина и тиркизните води, биле вистинскиот избор за меден месец.

„Уф, па многу долго размислувавме каде да одиме на меден месец. Изборот беше Маурициус или Малдиви, но по сите истражувања, сфативме дека Малдиви е правата дестинација за типот на одмор што ни треба и што го сакаме моментално“ – раскажува Исидора за Фемина.

Првите впечатоци, вели таа, биле над сите очекувања, дури и над совршените фотографии што кружат по социјалните мрежи.

„Уште поубаво… неописливо со зборови“ – додава.

Исидора и Марио Јелиќ
Исидора Јелиќ
Исидора и Марио Јелиќ

Малдивите често се опишуваат како идеална дестинација за меден месец, а Исидора без двоумење се согласува со тоа.

„Да, дефинитивно, ако сте човек кој сака одмор, мир, споро темпо и нозе во песок по цел ден. Ако сте авантурист или сакате динамика - не баш.“

Она што не може да се пренесе преку фотографија или видео, според неа, е чувството на мир и спокој што таму постојано ве следи.

Нивниот меден месец не бил исполнет со агенди и активности, туку со едноставни моменти и вистинско уживање:

„Па искрено, ние немавме многу активности освен уживање на плажа. Можеби пливањето и нуркањето со ајкули звучи најпримамливо, иако ние го оставивме за следен пат.“

Исидора Јелиќ
Марио Јелиќ
Исидора Јелиќ

Типичен ден на Малдивите за овој пар изгледал како дефиниција за целосно опуштање.

„Дефинитивно релаксација. Станување од спиење, ручек, плажа, вечера, одмарање со серија или прошетка низ ресорт и рано во кревет.“

Разочарувања немало, ниту пак нешто што не ги исполнило очекувањата, затоа и повторно би ја посетиле оваа егзотична дестинација.

„Дефинитивно би се вратиле повторно, и сè би било исто.“

Исидора Јелиќ
Исидора Јелиќ

Бидејќи годината ја започнаа со патување, плановите за следната авантура веќе полека ги коваат, но овој пат за некаде на ладно.

„Мислам дека наредната авантура ќе биде скијање“ – ни открива Исидора.

А кога треба со една реченица да се опишат Малдивите, таа не се двоуми:

„Рај на Земјата.“

Исидора Јелиќ
Исидора Јелиќ

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Исидора Јелиќ
Марио Јелиќ

Најнови

  • Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ на Бали

    Романтична идила: Никола Роквиќ со сопругата на егзотичен одмор на Бали без децата

    Tue, 02/10/2026 - 13:54
  • Бремената актерка Емилија Мицевска за последен пат ја изигра „Фамилијата Адамс“: „Морам да се посветам на најважната улога на светот“

    Tue, 02/10/2026 - 13:42
  • Холандската убавица Јута Лердам освои олимписко злато, вереникот Џејк Пол прсна во солзи

    Tue, 02/10/2026 - 13:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.