• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мала писателка со големи соништа: Драгана од Валандово на 11 години ја издаде втората книга

3 април 2025, 07:40
  • cподели

Македонија треба да се гордее со својата талентирана младина.

Драгана Рајкова од Валандово e млада ѕвезда на литературната сцена. Таа има само 11 години, а веќе се подготвува за промоцијата на својата втора книга.

Драгана Рајкова

По издавањето на стихозбирката „Спомени од моето детство“, талентираното девојче ја напиша книгата „Ѕвездено небо“, која содржи 30 песнички придружени со соодветни илустрации.

„Книгата содржи точно 30 песни, а секоја песна има своја илустрација. Промоцијата ќе биде после велигденската празнична атмосфера на 23 април кој е Светски ден на книгата и авторските права и поради тоа промоцијата ќе биде на еден ваков убав ден“ – изјави Драгана за Femina.mk

„Чувството што го чувствувам е незаменливо. На секој што се труди во животот му го посакувам таквото чувство. Навистина е неверојатно и воодушевувачки да ја држиш во раце твојата втора книга на само 11 години“ – дополни таа.

Драгана Рајкова

За Драгана не постојат правила или ритуали за пишување. „За мене не постојат правила кога пишувам. Тој што пишува, пишува од срце.Тој што пишува, пишува за тоа што го чувствува, тоа што го опкружува, тоа што го посакува, а инспирација може да се пронајде во сè околу нас. Многу сакам да читам книги, секоја книга ни отвара нови врати и ни дава знаења.“

Љубовта кон пишаниот збор кај Драгана се родила уште од мали нозе, а нејзин сон е да го следи тој пат.

„Јас од многу мала си имам сама измислувано приказни и песнички, и им ги раскажував на најблиските, а тие внимателно ме слушаа, но тогаш не ги запишував. Но, на 7 години веќе ја запишав мојата прва песничка посветена на мајката. Оттогаш, до денеска напишав многу песнички, добив многу награди и разбрав дека патот по кој што треба да чекорам е патот на уметноста“ – ни откри таа.

Кога не твори свои дела, Драгана ужива да чита книги и сака да истражува интересни приказни.

Драгана Рајкова

„Во слободно време обожавам да читам книги и да истражувам за интересни работи, како што е древниот Египет и снежното суштество јети. Исто така, сакам да создава, композиции на моето пијано. Многу истражувам и ме интересираат азиските земји Кина, Јапонија, Тајланд и други, затоа и почнав да го изучувам и кинескиот јазик.“

Драгана Рајкова

Првата книга, која се состоеше од 44 песнички, Драгана ја издаде на 10-годишна возраст.

Драгана Рајкова

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.