Почетна » Новости » Занимливости » Мала писателка: Драгана од Валандово на 10 години ја издаде својата прва книга

Мала писателка: Драгана од Валандово на 10 години ја издаде својата прва книга

Драгана Рајкова уште од мали нозе ја негува љубовта кон пишаниот збор. Девојчето, кое потекнува од Струмица и живее во Валандово, на 10-годишна возраст ја издаде својата прва книга.

Станува збор за стихозбирката насловена „Спомени од моето детство“, која содржи 44 песнички на Драгана. Првата песна таа ја напишала кога имала само 7 години, а на 8-годишна возраст ја добила својата прва награда за освоено второ место на конкурс за 8 Март.

„Првата песничка ја напишав на 7-годишна возраст и оттогаш почнав да пишувам и создавам, да учествувам на разни литературни конкурси. Така, песничките една по една се собираа и кога видов дека имам многу песнички, се одлучив да бидат собрани во едно детско книжевно дело коешто се надевам ќе биде интересно за секое дете затоа што оваа е стихозбирка со сликовница, секоја песничка има своја илустрација за да биде интересна за детето читател“ – изјави креативното девојче за Femina.mk.

Драгана Рајкова

Слатката писателка вели дека инспирацијата за издавањето на книгата се појавила од моментите кога навечер нејзините родители ѝ читале приказни пред да заспие.

„Како мала, пред да заспијам, моите родители ми читаа книги и јас поубаво заспивав. Mислам така и ми се појави желбата кон книгата и пишаниот збор, а на 5 години веќе ми се појави желба и јас да напишам книга која родителите на малите дечиња ќе им ја читаат за да заспиваат поубаво“ – дополни Драгана.

Драгана Рајкова Драгана Рајкова

На радоста ѝ немало крај кога Драгана за првпат го држела во рацетe своето литературно дело. Tаа вели дека со доволно труд, секој сон може да стане реалност.

„Мислев дека е сон, но мојот сон стана реалност. Ја држев и листев книгата, срцето ми скокаше од радост, бев пресреќна и сите околу мене. Со моето семејство се радувавме на мојот успех. Јас сакам да пишувам и да создавам, тоа едноставно излегува од мене преку моливчето во мојата тетратка за песнички. Како девојче на 10-годишна возраст можам да кажам дека секој сон станува реалност доколку се потрудиш“ - вели Драгана.

Драгана Рајкова Драгана Рајкова Драгана Рајкова Драгана Рајкова

Драгана има учествувано на многу литературни конкурси каде има освоено многу награди и пофалници.

Драгана Рајкова

Фотографиите се објавени со дозвола од родител.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.