• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Mакедонските уметници обединети за Фросина Кулакова, дизајнерката која загина во сообраќајна несреќа

29 декември 2025, 14:20
  • cподели

Македонската уметничка сцена се обединува во хуманитарна мисија преку „THREADS OF LIGHT“, вечер посветена на уметноста, солидарноста и колективната одговорност, која ќе се одржи на 29 јануари 2026 година. 

Настанот ќе вклучи изложба, хуманитарна аукција и перформанс, а средствата собрани преку хуманитарната аукција ќе бидат насочени кон обезбедување психосоцијална и правна поддршка и помош за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и иницијативи за подобрување на законите и правната заштита. 

Наместо директна финансиска помош, Фондацијата ќе овозможи структуриран пристап кој вклучува психолошка поддршка, советување и правна насока, со цел долгорочно заздравување, зајакнување на семејствата и полесно справување со последиците од траумата.

Во пресрет на настанот, Фондацијата Фросина Кулакова упатува јавен повик до сите уметници од Македонија – сликари, модни дизајнери, индустриски и ентериер дизајнери, занаетчии, автори на светлосни објекти, мебел, уметнички инсталации и уникатни предмети – да донираат свое уметничко дело за хуманитарната аукција.

Рокот за пријавување истекува за 3 дена. За учество, уметниците треба да испратат: фотографија од делото, краток опис и предложена почетна цена на е-поштата: contact@frosinakulakova.org.

Ова ќе биде првата хуманитарна аукција во рамки на работењето на Фондацијата, со јасна цел собраните средства да не се доделуваат како директна парична помош, туку да се насочат кон психолошка поддршка за семејствата на жртвите од сообраќајни несреќи, но и за семејствата на сторителите. Поддршката ќе се реализира преку до 10 бесплатни психолошки сесии, со цел да се намали траумата и да се превенираат понатамошни деструктивни последици.

Како дел од програмата „THREADS OF LIGHT“, дел од цртежите на Фросина Кулакова, создадени за време на нејзиното образование како моден дизајнер, ќе бидат изработени во реални модни парчиња од нејзини колеги и професори од матичниот факултет, како живо сведоштво дека ликот и делото на Фросина продолжуваат да живеат преку уметноста.

Од семејството на Фросина Кулакова посочуваат дека зад секоја сообраќајна трагедија не стои само момент на несреќа, туку долготрајна тишина со која семејствата мораат да научат да живеат.

„Ние научивме дека болката не исчезнува, но дека со соодветна поддршка може да се носи без да го изгубиме внатрешниот баланс. Психолошката помош ни помогна да останеме прибрани, да ја прифатиме загубата и да продолжиме понатаму со јасна свест, без гнев и без осуда. Токму од таа потреба за смисла и заздравување произлезе и идејата уметноста да стане простор за средба, дијалог и светлина. Изложбата и хуманитарниот настан не се само сеќавање, туку повик за заедничка грижа и одговорност. Веруваме дека токму оваа форма на поддршка е клучна за сите што се засегнати од вакви трагедии – затоа што само преку заздравување може да се спречат нови болни последици“ – велат од семејството на Кулакова.

Влезот на настанот на 29 јануари е бесплатен, а за учество во наддавањето и купување на дела може да се вклучи секој заинтересиран, со претходна најава на присуство на истиот мејл: contact@frosinakulakova.org.

Семејството на Кулакова се надева на масовно учество од уметниците и јавноста, потенцирајќи дека сите сме учесници во сообраќајот и дека само заедно можеме да го вклучиме алармот за превенција на вакви трагедии– преку уметност, емпатија и одговорност.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shtip Fashion Days (@shtipfashiondays)

Tags
Фросина Кулакова

Најнови

  • Mакедонските уметници обединети за Фросина Кулакова, дизајнерката која загина во сообраќајна несреќа

    Mon, 12/29/2025 - 14:20
  • „Се трудам да бидам најдобра за тебе“: Марија Шерифовиќ со емотивна порака ја завршува втората година со синчето

    Mon, 12/29/2025 - 12:16
  • Кики Мукаетова

    „Секој ‘loop’ има излез“: Отворено со Кики за созревањето, еволуцијата на „Низ град со Кики“ и ентузијазмот за музика

    Mon, 12/29/2025 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.