• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонските уметници може да учествуваат во изработка на мурал за иднината на Европа

3 март 2022, 12:16
  • cподели

Младите уметници, на возраст од 18 до 35 години, од целиот регион на Западен Балкан, вклучително и од Македонија, може да се пријават за учество во проектот „Нацртај ми ја иднината на Европа“ (Paint Me the Future of Europe). Со оваа иницијатива ќе се изработи мурал во Нови Сад, годинашната Европска престолнина на културата. Заинтересираните учесници можат да се пријавуваат на интернет-страницата futureofeurope.newmoment.com. Конкурсот е отворен од 25 февруари, а ќе се затвори на 18 март.

Нацртај ми ја иднината на Европа

Проектот е во организација на Делегацијата на Европската Унија во Србија, во соработка со „Њу момент - њу идеас компани“ од Белград и во партнерство со Советот за култура на Нови Сад и фондацијата „Нови Сад 2022“. Преку муралот и активната вклученост во културните активности во Нови Сад, избраните уметници ќе го демонстрираат својот креативен квалитет, нивната визија за заедничката иднина на европскиот континент, како и способноста да се осврнат на општествено значајни теми.

Ќе бидат избрани осум уметници кои заедно ќе сликаат на ѕид на „Кејот на жртвите на рациите“ за време на нивниот престој во Нови Сад, од 18 април до 9 мај. Муралот официјално ќе биде промовиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа на 9 мај.

Сите пријави ќе бидат разгледани од жири предводено од Лазар Сакан, основачот и кустос на „Галеријата Њу Момент“, која што изминативе 12 години беше домаќин на неколку стотици значајни изложби и настани од областа на културата. Останатите членови на жирито се директорот на галеријата „Матица Српска“, д-р Тијана Палковљевиќ Бугарски, концептуалниот уметник Никола Џафо и двајца претставници од Делегацијата на Европската Унија во Србија.

Македонските уметници кои што сакаат да учествуваат во проектот Paint Me the Future of Europe треба да пополнат формулар за пријавување, да поднесат кратка биографија, своето уметничко портфолио, како и скица од нивната визија на темата, на интернет-страницата futureofeurope.newmoment.com. На истиот вебсајт тие ќе можат да се информираат за деталите поврзани со пријавувањето на иницијативата, како и за настаните за подготовка и за изработка на муралот.

Tags
Нацртај ми ја иднината на Европа

Најнови

  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • „Најубавата година во мојот живот“: Ирина Дишо со слатко видео за првиот роденден на ќеркичката

    Tue, 01/13/2026 - 09:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.