• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонскиот јазик како инспирација за современото создавање и живеење

2 октомври 2023, 13:50
  • cподели

Изложбата на визуелен приказ на македонски зборови „Јазична меморија“ на уметницата Сташа Божиновска беше отворена во КЦ Магаза во Битола.

Македонскиот јазик и писмо се инспирација за уметницата која размислува и делува во насока на создавање на меморија на истите преку дизајнирање на модни додатоци. Овој концепт започнува со дизајни инспирирани од зборовите ЗАЛЕЗ, БАКНЕЖ, ВЕДА, ЏАГОР, АБЕР, ПРЕОБРАЗБА и Ѕуница.

Јазична меморија

„Јазична меморија е споменар исполнет со македонски зборови кои ги користат нашите баби и дедовци, додека, ние, младите покажуваме колку сме „интересни и модерни“ со користењето на сленгови и странцизми. Време е да започнеме редовно да се потсетуваме на убавината на нашиот јазик и нека тоа време започне токму со Јазична меморија, споменарот кој ќе биде мост на кој ќе се пренеси богатството на нашиот јазик од нашите предци, до нас и идните генерации.“

„Јас сум дизајнер и создавам модни додатоци инспирирани од македонски зборови. Мојата цел е да ве инспирирам и Вас да ја разбудите вашата креативност и гордо да го користите нашиот јазик“ - изјави уметницата.

Сташа Божиновска Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија

Концептот „Јазична меморија“ е прв чекор до реализирањето на посакуваната цел на уметницата, која освен вклучување на други зборови, подразбира и оживување на визуелните 3Д модели кои понатаму ќе бидат изработени во вистински накит.

Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија Јазична меморија

Проектот Јазична меморија се реализира во рамките на манифестацијата Цртај на македонски јазик 2023, поддржана од Министерство за култура на РСМ.

Tags
Сташа Божиновска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.