• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ од утре на редовниот репертоар во кината Синеплекс

10 март 2021, 18:30
  • cподели

Од утре (11 март), во кината Синеплекс почнуваат проекциите на македонскиот долгометражен игран филм „Ефектот на среќа“. По отворањето на фестивалот Синедејс и учествата на интернационалните филмски фестивали PriFest и SEE Online, каде ја освои наградата за најдобар филм, „Ефектот на среќа“ ќе може да го види и домашната публика.

Ефектот на среќа

Минатиот месец, продуцентската куќа која стои зад „Ефектот на среќа“, Ново македонско видео, потпиша договор за меѓународно застапување и дистрибуција на филмот со компанијата Videoplugger од Велика Британија.

„Ефектот на среќа“ е урбана драма за универзалната потрага по среќа. Ја следи Леа, млада девојка на работ на смртта, која го почнува својот последен предизвик - теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се мултиплицира, исто како и чувството на тага, осаменост и депресија. Користејќи го еклектичниот, индивидуалистички пристап кон експериментирањето и моќта на позитивното размислување, врските и равенките ја водат на патот кон откривање на крајната среќа.

Филмот ја обработува темата на смртта, стравот од смртта, но пред сè го покренува прашањето како го поминуваме времето додека сме живи. Дали сме будни и свесни или остануваме во сон дури и кога ќе станеме од креветот наутро?

Главните улоги во овој филм ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Танеска, Јовица Михајловски. Сценариото и режијата се на Борјан Зафировски. Продуцент е Сашо Пешев, ко-продуценти се Диме Стојановски, Стефан Орландиќ, Предраг Карло Калежиќ и Вљоса Бериша, а извршен продуцент е Михајло Цветанов.

Ефектот на среќа Ефектот на среќа Ефектот на среќа

Билетите се во продажба во Синеплекс, а проекциите почнуваат од 18 и од 19:30 часот.

Tags
Ефектот на среќа
Дејана Попоска
Сашко Коцев
Ана Стојановска
Сара Анастасовска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.