• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Македонската актерка Тамара Ристоска шармантна „Аргентинка“ на снимањето на сцена од српски филм во Буенос Аирес

6 август 2026, 10:25
  • cподели

Тамара Ристоска е дел од екипата на српскиот филм „Ruka pravde“.

Македонската актерка ја има улогата на Аргентинката Глади, која е вереница на главниот лик Благоја Јововиќ. За снимањето, таа морала да научи да зборува шпански јазик и не крие дека е пресреќна што е дел од овој филмски проект. 

На социјалните мрежи, објавени се фотографии од сцена со Тамара снимена во Буенос Аирес, според кои слободно може да се каже дека е совршена за улогата.

„Оваа сцена е снимена во Буенос Аирес, на плоштад, со море од статисти и стари автомобили кои се гасеа по малку. Организациски, една од најтешките сцени за снимање во целиот филм. Штом го снимивме последниот кадар, почна да врне дожд. Тоа е еден од оние напорни, но посебни денови кои човек ги памети. Многу луѓе многу напорно работеа за оваа сцена со возење да се архивира на вистински начин“ – стои во описот на фотографиите.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by РУКА ПРАВДЕ (@rukapravde_film)

Филмот „Ruka pravde“ го следи Благоја Јововиќ, кој живее мирен живот во Буенос Аирес во 1950-тите години, градејќи успешен бизнис и подготвувајќи се за брак. Но, случајна средба со човек кој носи усташки симбол ги отвора старите рани од минатото и го води до шокантно откритие – озлогласениот усташки водач Анте Павелиќ се крие во Аргентина под државна заштита.

Решен да ја истера правдата, Јововиќ тргнува во опасна и неизвесна мисија. Со помош на близок пријател и агент на Мосад, тој внимателно го следи Павелиќ и го планира нападот што ќе стане еден од најзначајните моменти во потрагата по одговорност за злосторствата од Втората светска војна.

Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за човек кој, воден од личната болка и чувството за правда, се осмелува да му се спротивстави на еден од најбараните воени злосторници, во обид кој засекогаш ќе остави трага во историјата.

Tags
Тамара Ристоска

Најнови

  • Македонската актерка Тамара Ристоска шармантна „Аргентинка“ на снимањето на сцена од српски филм во Буенос Аирес

    Thu, 08/06/2026 - 10:25
  • Дуа Липа од фестивалот во Приштина директно на црвениот тепих во Њујорк покрај сопругот Калум Тарнер

    Thu, 08/06/2026 - 10:13
  • Торта на 7 ката, им пееше и Лозано... Иван Милевски од „Ѕвездите на Гранд“ направи гламурозна свадба со убавата Сара

    Thu, 08/06/2026 - 09:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.