• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Македонска Каменица стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони”

31 октомври 2018, 13:58
  • cподели

Македонска Каменица станува дел од големиот проект на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје т.н „Coca-Cola Активни зони“, каде вчера беше поставена 15-тата, јубилејна зона. Во присуство на граѓани од сите генерации, бројни претставници на спортските друштва и медиумите, претставниците на Пивара Скопје и Општината, свечено го пуштија во употреба новото место за дружење и рекреација за жителите.

Coca-Cola Активни зони

„Со отворањето на 15-тата ‘Coca-Cola Активна зона’ во Македонска Каменица, го продолжуваме нашиот проект за промоција на вистинските општествени вредности, за кој ние во Пивара Скопје цврсто веруваме дека значајно придонесува кон добросостојбата на сите граѓани, од сите општествени категории. Во рамките на тригодишниот проект и преку 15-те зони, создадовме 1500 м2 површина каде илјадници граѓани можат да се рекреираат и дружат; креиравме тло каде се стекнуваат нови познанства и се негуваат старите, место за инклузија каде и младите и старите, и рекреативците и професионалците можат да поминуваат квалитетно време и бесплатно да ги ползуваат придобивките кои овие зони ги нудат. Токму затоа, Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, впрочем како и досега, ќе продолжат со реализација на проекти од поширок општествен интерес и контекст и за сегашните, но и за генерациите кои доаѓаат“, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.

Coca-Cola Активни зони Coca-Cola Активни зони

За придобивките и значењето на новата „Coca-Cola Активна зона“ за жителите на Македонска Каменица, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, говореше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

„Македонска Каменица има долгогодишна соработка со Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, па оттука, навистина сме благодарни што таа се крунисува со ваков значаен проект. Задоволството е уште поголемо што Пивара Скопје и ‘Coca-Cola’ компанијата ја препознаа нашата oпштина како партнер и ги пресретнаа барањата на моите сограѓани за поставување на Активна зона токму во Македонска Каменица, бидејќи за нас како Општина е навистина важно да понудиме содржини за граѓаните кои на долг рок позитивно ќе влијаат врз културата на живеење. Убедена сум дека ова место ќе биде едно од најпосетуваните места во нашата општина и дека граѓаните ќе се грижат за него и свесно и совесно ќе постапуваат со него“.

Coca-Cola Активни зони Coca-Cola Активни зони

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ започна во 2016 година и претставува дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“. Во рамките на проектот, досега беа донирани 14 Активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци, Битола и Радовиш. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“ и бесплатните паркиралишта за велосипеди.

Coca-Cola Активни зони

Комерцијален текст

Tags
Coca-Cola активни зони
Coca-Cola

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.