• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонска гордост: Марко Пејчиновски, кој страда од некроза, 107 километри трчаше, пливаше и возеше велосипед

29 август 2025, 11:17
  • cподели

Марко Пејчиновски испиша нова страница на храброст и истрајност.

19-годишниот Охриѓанец, кој страда од некроза на коската на ногата, за помалку од 20 часа го заврши модифицираниот триатлон „Ајронмен“ кој го најави во април.

Марко Пејчиновски

Инспиративниот тинејџер трчаше 7 часа и 47 минути, возеше велосипед 2 часа и 33 минути, а пливаше 9 часа и 29 минути за да ја исполни својата цел од 107 километри.

Марко Пејчиновски

„Пресреќен сум што со ваша поддршка успеав да го остварам предизвикот што самиот си го зададов“ – рекол тој по пристигнувањето на пристаништето во Охрид каде беше дочекан со силни аплаузи.

Пејчиновски започнал да плива на 10-годишна возраст кога докторите му рекле дека тоа е најдобра терапија за него.

„Никој не ме натера да се занимавам со пливање. Но, препораката на лекарите дека за некрозата во овој момент најдобра терапија е пливањето беше мотив да почнам да пливам. Сакам да бидам здрав кога ќе пораснам“ – рекол тој пред неколку години.

Марко Пејчиновски Марко Пејчиновски Марко Пејчиновски Марко Пејчиновски

Овој подвиг за Марко не бил само физички тест, туку и „потрага по желбата за живот“ за да покаже дека со вера, дисциплина и волја, секој може да ги совлада најтешките пречки.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.