Тина Русева со впечатлив настап го заврши своето натпреварување во „The Voice of Germany“.
Талентираната струмичанка во тимските битки се претстави со уникатна изведба на баладата „Killing Me Softly With His Song“.
Видео
За жал, нејзината интерпретација не беше доволна за да продолжи во популарното шоу. Преку порака на Facebook, таа соопшти:
„Епа луѓе мои тука се затвора едно прекрасно поглавје.
Моето патување на 'The Voice Of Germany' заврши, но моето срце е пополно од кога било.
Од срце ВИ БЛАГОДАРАМ!
Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции. Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш.
Во тимските борби дадов се од себе. Не само сила и оган, туку нежност и емоција. Но, овој пат, тоа не беше доволно за 99-те поранешни кандидати.
Со мојот последен настап на Comeback Stage сватив дека Бог има друг план за мене во кој цврсто верувам.
Нежен потсетник дека затворените врати честопати водат кон отварање на нови.
Ова не е крај. Ова е само почеток.
Мислев на секој збор што го ветив: 'Ова е само почеток'. И искрено... не можев да замислам поубав начин да започнам.
Премалку е што и да кажам за сета љубов и поддршка што ја добивам од сите вас.
Ве сакам сите.“