• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонката Тина Русева „растури“ на германскиот „The Voice“

3 октомври 2025, 11:33
  • cподели

Струмичанката Тина Русева приреди вистински спектакл на аудициите на германското музичко шоу „The Voice of Germany“, освојувајќи ги и жирито и публиката.

Со својата уникатна и енергична изведба на хитот „Do It Like a Dude“ од Џеси Џеј, Тина буквално ја раздрма сцената и доби стоечки овации. Членовите на жирито ѝ порачаа дека токму таков изведувач чекале и ѝ предвидоа блескава музичка иднина.

Видео од настапот на Тина

Тина Русева

Тина, која потекнува од Струмица, веќе неколку години живее во Леверкузен, Германија. Со музика се занимава од најрана возраст, а љубителите на добриот звук ја познаваат и по нејзините бројни кавери на YouTube.

По настапот, таа сподели и емотивна објава на Инстаграм, посветена на својата детска верзија и на музиката што отсекогаш ја водела:

„Драга музико, ти беше мојот таен јазик кога немав зборови, мојот невидлив пријател во тишината, мојата сила во секоја бура и мојата радост во секоја насмевка. Никогаш не замина кога сè друго замина. И еве, токму ти ме донесе на големата сцена на 'The Voice of Germany'. Но, не во која било сезона! Ова е јубилејната 15-та сезона, прослава на сите ѕвезди, легенди и незаборавни гласови. А јас го заслужив своето место меѓу нив. Благодарам што никогаш не ми дозволи да чекорам сама. Ова е за тивката мечтателка која се осмели да пее гласно и за четиригодишната јас која четката за коса ја претвораше во микрофон и пееше како целиот свет да слуша. ТИ УСПЕА!“

View this post on Instagram

A post shared by Tina Ruseva | THE VOICE OF GERMANY 2025 (@tina.ruseva)

Tags
Тина Русева

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.