• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонката Катерина Шиповиќ победи на Белградскиот ултрамаратон, истрча над 211 км за 24 часа

27 септември 2023, 13:20
  • cподели

Волја, мотивација, истрајност, издржливост и напорни тренинзи... Да се трча ултрамаратон цели 24 часа воопшто не е лесно, но да се победи на истиот е неверојатно достигнување.

Македонската ултрамаратонка Катерина Шиповиќ го освои првото место на 24-часовната трка Шри Чинмој во Белград, каде постави нов национален рекорд во трчање на 24 часа. Таа помина повеќе од 211 километри, надминувајќи го рекордот поставен во 2019 година, кој исто така го носеше нејзиното име.

За својот успех, Шиповиќ објави пост на социјалните мрежи каде сподели и фотографии:

Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ

„Шри Чинмој ултрамаратон, Белград. Трка на 24 часа / истрчани 211,059 км. Прво место генерален пласман, рекорд на стаза и нов национален рекорд. Трката која со душа ја чекав. Успеав да го реализирам резултатот за кој се подготвував“ – напиша Катерина и им се заблагодари на сите кои беа дел од нејзината екипа и 30 часа беа активни и ѝ помагаа во овој подвиг.

Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ Катерина Шиповиќ

Минатата година, Шиповиќ стана првата ултрамаратонка од нашата држава која учествувала на Спартатлонот во Грција. Трката долга 246 километри од Атина до Спарта во Грција е една од најтешките ултрамаратонски трки во светот, а таа ја истрча за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, освојувајќи го 102-рото место од 380 учесници.

Tags
Катерина Шиповиќ

Најнови

  • Страсти и нежности: Тазе венчаните Дуа Липа и Калум Тарнер на романтичен меден месец во Италија

    Tue, 06/16/2026 - 22:10
  • „Мислев дека оди по медал, не знаев дека јас ќе бидам неговата победа“: Викторија за предлогот за брак од саканиот Дејан покрај Бледското езеро

    Tue, 06/16/2026 - 21:00
  • Реплек

    По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

    Tue, 06/16/2026 - 18:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.