• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Македонијо во срце те носиме: „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски

21 јуни 2023, 10:00
  • cподели

„Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Оваа песна, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева, според многумина е неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци.

Верзијата на Огнен, односно аранжманот, како и на целиот проект зад кој стои Скендеровски продукција, е со потписот на Николче Мицевски.

„Се радувам што Скендеровски продукција се сети на нешто вакво, затоа што само така ќе ги научиме сите претставници на младата генерација да ги сакаат и негуваат овие песни. Чест и задоволство ми е да пеам македонски песни, особено патриотски, за нашата Македонија. Растен сум со музика и со убавата македонска песна. Дедо ми Наско Џорлев има напишано многу македнски рефрени од кои би сакал да одвојам неколку - „Не кажувај либе добра ноќ“, „Фато мори душманке“, „Во Струмица на улица“, „Кажи ле облаче бело“... Ја одбрав „Земјо македонска“ бидејќи ми е една од омилените патриотски песни, а имам и поврзаност со истата. Вујко ми Зоран Џорлев ја преработи по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста во 2011 година кога и ја изведе на централната прослава. Пресреќен сум што имав можност да учам од него да ја негувам, сакам и творам македонска музика. Ме учеше да си ја сакам, чувам и бранам татковината, тој, за жал, повеќе не е со нас, но пресреќен и горд сум што продолжувам по неговиот пат и ветувам дека гордо и со многу љубов и труд ќе го правам тоа“ - вели Огнен.

Огнен Здравковски

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 песни отпеани од 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Проектот има за цел да се возобноват најубавите македонски патриотски песни, да им се продолжи векот и да се приближат до младите генерации. Меѓу изведувачите освен Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски јавноста уште ќе ги чуе и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“...

Во склоп на проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.

Tags
Огнен Здравковски
Македонијо во срце те носиме

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.