• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Македонијо во срце те носиме: Мина Блажев со изведба на „Море сокол пие“

6 јули 2023, 08:30
  • cподели

Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море сокол пие“ во изведба на Мина Блажев.

Младата пејачка вели дека е пресреќна што со својата изведба ќе придонесе за зачувување на нашето културно богатство.

„Ми претставува огромна чест и благодарна сум што сум дел од овој прекрасен проект, како и што со мојата изведба ќе придонесам за зачувување и негување на нашите македонски патриотски песни и културното богатство. Многу сум среќна што се споивме 12 одлични изведувачи и што заедно со целиот тим имаме една заедничка мисија, а тоа е на нашите македонски песни да им го продолжиме векот и да ги доближиме до новите генерации. Чувствувам огромна одговорност што во овој проект ќе се претставам со песната 'Море сокол пие', која е една од моите омилени македонски песни и која на секое слушање буди посебни чувства во мене. Токму затоа и сакав оваа прекрасна македонска народна песна да ја слушнете во една поинаква верзија, полна со емоции и со еден посебен, мој личен печат. Со целиот тим сакаме да допреме до новите генерации, но, секако, во убавата песна да уживаат и постарите. Верувајте дека сите навистина се вложивме максимално во творењето на оваа верзија и сигурна сум дека по слушањето на истата и вие ќе го почувствувате тоа! Сигурна сум дека со овој проект ќе придонесеме за обединување на нашиот народ со вистината која ја носат овие патриотски песни и ќе успееме да ги оствариме и останатите цели на овој прекрасен проект!“ – вели Мина уште еднаш порачувајќи сите да слушаме македонска музика и да си ги почитуваме и негуваме корените од каде што потекнуваме.

Мина Блажев

„Море сокол пие“ е македонска народна песна за која постојат неколку верзии, а се претпоставува дека првата снимка е направена врз основа на онаа најстарата датирана од 1837 година. Последната верзија, пак, во изведба на Мина Блажев е со потписот на Николче Мицевски, кој е автор на аранжманите на целиот проект составен од 12 нумери во изведба на 12 изведувачи, и од светот на фолкот и од светот на забавната музика. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува Скендеровски продукција.

Дел од „Македонијо во срце те носиме“ освен Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова.

Публиката ќе има можност сите 12 песни да ги чуе и во живо, бидејќи како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.

Tags
Мина Блажев
Македонијо во срце те носиме

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.