• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Македонците со емотивни пораки се збогуваат со Драган Вучиќ

4 мај 2020, 10:20
  • cподели

Македонската јавност остана во шок по веста за смртта на Драган Вучиќ. Познатиот водител и пејач почина како последица на компликации од коронавирусот.

И тие што го познаваа лично и тие што го познаваа од екраните со пораки на социјалните мрежи се збогуваат со Вучиќ:

Каролина Гочева

Тамара Тодевска

Елена Ристеска

Драган Вучиќ

Драган Спасов – Дац

Го сретнав, не знам каде...

Му реков:

-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.
- Навистина ти се допаѓа?
-Да, му одговорив.

Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав.

Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот.„Повели" ми рече со насмевка.

Е, таков човек беше Драган Вучиќ.

Почивај во мир!

Дарио Панковски

„Почина Драган Вучиќ. Име и презиме, мој драг пријател, одличен музичар, автор на безвременски хитови, харизматичен водител и шоумен. Многумина го обожаваа, некои за жал го исмејуваа, но тој прв ја откри вистинската формула за тоа што всушност најшироката популација сака и им го нудеше тоа како вистински професионалец. Искрено се надевав дека засекогаш ќе нè расположува со своите бескрајно шармантни и спонтани коментари, но не... Тој е за мене Драгче од мое старо маало, од Млин Балкан, со кој речиси секој втор ден се гледавме на кејот на Вардар на џогирање или пешачење. Сега, секој нареден ден на кеј ќе ми фали неговото: „Еј здраво Дарче, шо праиш, шо има ново?", онака скопски. Многу ми е жал, МНОГУ! Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде. Почивај во мир ДРАГЧЕ друже мој.“

„Весна, Мартин и Вукле, најискрено сочуство до вас, од срце“ – напиша Дарио.

View this post on Instagram

A post shared by DARIO (@dariopankovski) on May 4, 2020 at 2:44am PDT

Лила Филиповска

Драган Вучиќ

Владимир Блажев - Панчо

Драган Вучиќ

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил:

ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ .....

Епа денс тоа срце е тажно

Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и естрадата . Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе .....

Легендите живеат вечно

ПС - Оваа слика е направена пред точно една година (10ти мај) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал:

Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”

Жива легенда која трае повеќе од 25ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.

Секоја чест мајсторе. Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти

Симнувам капа господине

Влатко Лозаноски

Драган Вучиќ

Бранко Огњановски (Миле Паника)

Еден од бисерите што ги памтам во некоја од емисииите на Драган Вучиќ. Го прашува гостинот:
- А вие сте тука заради пари или заради слава?
- Заради пари, слава имаме, Свети Никола.

— Миле Паника (@Mile_Panika) May 4, 2020

Љупчо Марковски

Милена Антовска Станковска

„Се сретнавме случајно пред неполн месец, двајцата со заштитни маски пред една аптека. Не можевме да се поздравиме и гушнеме заради ситуацијата, но си рековме дека ќе се слушнеме и ќе се видиме кога ќе заврши короната. Денеска со огромна болка во душата пробувам да ја прифатам информацијата дека повеќе те нема. Во мислите сум со твојата сопруга и твојот син и им ја пуштам цела сила да го пребродат ова. Кој што сака нека каже, ти Драган Вучиќ за мене беше и ќе останеш прекрасен пријател и највеликодушен човек на цел свет. Секогаш ќе се сеќавам на многубројните дружења од кои за жал немам многу фотографии, но имам спомени за цел живот. Ти си легенда на македонскиот телевизиски етер. И не е случајно што заминуваш на ист ден со Гоце Делчев, Васка Илиева, Тито...
Почивај во мир драг пријателе“ - напиша Милена.

View this post on Instagram

A post shared by Milena Antovska Stankovsk(@milliemilaa) on May 4, 2020 at 1:45am PDT

РИП Драган Вучиќ. Човекот кој ми донесе пица у недела у 9 на врата. Пицеријата била негова, доставувачот не дошол на работа.

— Punchable Пичлеме and 24 others (@penggemaar) May 4, 2020

Ретко кој знае дека Драган беше одличен Басист, а е композитор на маестрални песни кко "Свирете ја Зајди Зајди" и "Ангели ме Носат'... Ептен позитивен чоек, а неговите емисии беа еден вид излез и прозорец од секојдневните проблеми на народов... Искрено ми е жал, Почивај во мир

— Бапчо (@TheFitzzz) May 4, 2020

Драган Вучиќ никого не оставаше рамнодушен, сме се зезале со него многу пати али тоа него никад не го тангирало шо му е одлична особина. Да се замарал ќе прекинел после Вашите 5 Минути... вака си праеше ќеиф и ако ништо друго бар си умре работејки го она што го прави среќен

— Бапчо (@TheFitzzz) May 4, 2020

Најголемиот ПР мозок кој од копачот направи гумена бонбона, бренд кој ќе се изучува во учебници, македонскиот Опра Винфри, човекот без пропаднат тв проект, генијалец каков што балканот немаше видено, месијата кој на руралецот му го врати сјајот во очите. Почивај во мир Змају.

— Артистот (@Shkottt) May 4, 2020

Вечна ти земја Драган Вучиќ, секогаш ќе те памтам по стиховите кои ми помогнаа да ја импресионирам една девојка на свадба: "Ако запнам ќе те збарам, ќе те збарам, ќе те ќарам, кај ќе бегаш пиле море мало, ќе те најдам, ќе те крадам", мафтајќи со салфетка во едната рака.

— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) May 4, 2020

Мислам дека ретко кој сфаќаше дека сето глупирање по тв беше бизнис, пошо гледаше дека народот се пали по такви гафови и исмевање, беше попаметен од шо покажуваше и не се замараше кој што мисли. Сега нека почива во мир.

— Анастејжа Биверхаузен (@BlueBitchLady) May 4, 2020

"Тој е мајстор на својот инструмент"
- Драган Вучиќ

— Solarnik (@SolarNik) May 3, 2020

Драган Вучиќ - медиумски генијалец и одличен музичар. #RIP

— Стормрејџ (@Strastniot) May 4, 2020
Tags
Драган Вучиќ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.