• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Мајки, не се споредувајте со оние што ги гледате на социјалните мрежи“: Текст за „совршена Мама“ ќе ве замисли

4 ноември 2019, 12:29
  • cподели

Иако сите сме свесни дека голем ден од она што го гледаме на социјалните мрежи е нереално, фотошопирано и исценирано, честопати паѓаме во замката да се споредуваме себеси со другите.

Мајка на шест деца на Facebook раскажа за „совршена мајка“ која ја видела додека била на базен, за да порача дека Instagram не е реалност и дека не треба да се споредуваме со луѓето што ги гледаме на социјалните мрежи. Објавата на Џен Флинт допре до илјадници лица и со причина има повеќе од 140 илјади споделувања.

Мајка

Вчера, додека бевме на базен, видов една млада Мама со нејзината ќеркичка како одеа крај базенот облечени во многу убави координирани костими за капење. Мајката, со своите совршено извиткани прамени врзани со складна марама, ги помина првите неколку минути зборувајќи гласно на телефон со пријател додека нејзината ќерка стоеше и чекаше да влезе во базенот. Мајката го заврши телефонскиот повик и премина на вадење играчки за во вода и креми за сончање на ускладена крпа. Потоа, откако го пронајде правилниот агол и вистинската светлина, мајката направи неколку селфија со ќерката. Малата праша дали може да влезе во базенот. Мајката рече да почека и почна да ја фотографира пред базенот, додека влегуваше во базенот и додека излегуваше од базенот. Девојчето се смееше со широка насмевка како да го има правено тоа милион пати. Потоа, Мама ѝ рече дека може да оди да си игра. Малата влезе во базенот и поплива неколку минути. Мама ѝ се јави на некоја пријателка на телефон и разговараше додека девојчето учтиво повторуваше: „Мама, те молам дојди со мене во водата!“. Беше игнорирано. „Мама ќе дојдеш да си играш со мене?“ – праша уште четирипати. Мама гледаше во неа, но не го остави телефонот. По 10 минути, мајката го заврши со разговорот, ги собра кремите за сончање што никогаш не беа употребени и играчките кои никогаш не ја допреа водата и на крајот ја зеде ќерка ѝ и си заминаа.

Седев и извесно време размислував за она што го видов. Си ги замислив фотографиите кои ги направи, совршено фотошопирани и објавени на социјалните мрежи со опис како „На базен со мојата ќеркичка!“ #Makingmemories.

Некаде на друго место, некоја друга Мама, ќе биде дома цел ден со своите деца, куќата ќе ѝ биде хаос поради нивните игри, косата бушава од извршувањето на родителските обврски, а алиштата валкани од повраќаници или од путер од кикири. Таа ќе биде уморна зашто го поминала цел ден во готвење, грижа, чистење и играње со децата. Таа ќе ја види таа фотографија и ќе се споредува себеси со совршената Мама покрај базенот. Нешто ќе ѝ шепоти во уво: „Ти не си доволно добра... Ти не изгледаш како таа млада мајка на базен... Ти немаш доволно пари за да си купиш такви скапи костими за капење и немаш доволно време за да создаваш спомени како неа“, а таа млада мајка ќе поверува во тоа. Ќе чувствува неуспех. Уф!!! Таа никогаш нема да знае дека во очите на нејзините деца, начинот на кој го поминала денот е многу подобар одошто на „совршената мајка“ покрај базенот.

Она што го гледаме на социјалните мрежи не е секогаш реално. Понекогаш и многу често е тотално исценирано. Тоа е наместено и филтрирано и лажно.

Понекогаш, навистина гледаме апсолутно реални фотографии од одмори и прекрасни домови и свежо направени фризури, но тоа е само ЕДЕН момент. Тоа е најдобриот момент од целиот ден поминат исто како нашиот. Во работа, чистење, хаос...

Мајки, не се споредувајте себеси со другите. ВИЕ сте доволни! Вие сте неверојатни и најдобриот дел е што сте РЕАЛНИ! Вашите валкани маици и вашиот валкан дом и вашите среќни деца се реални и тие се доказ дека постапувате правилно!

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.