• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка сподели трик кој може да ви помогне ако вашето бебе нонстоп сака да биде држено в раце

26 јули 2018, 10:10
  • cподели

Многу нови мајки го имаат истиот проблем – нивните бебиња плачат само што ќе ги стават во креветчето и сакаат постојано да бидат држени в раце.

Мајка сподели генијален трик кој може да помогне во таква ситуација. Сè што е потребно е ракавица и ориз.

Трик

Нејзиниот пост е споделуван илјадници пати, но додека најголем дел од коментарите се позитивни, има и негативни коментари, кои ѝ укажуваат на мајката дека спиењето на стомак и ставањето на меки нешта во креветчето го зголемува ризикот од СИДС (Синдром на ненадејна смрт на новороденче).

Еве го нејзиниот текст:

Ќерка ми се вика Анаја и има два месеци. Родена е 7 недели пред терминот за породување како предвремено родено бебе.

Имам и 16-месечно момче кое исто така беше родено предвреме и се вика Џеремаја. Ќерка ми има колики/грчеви, па е многу нервозна и сака да биде држена во раце постојано. Дојдовме до момент кога не можев да ја легнам повеќе од 10 минути без да се расплаче.

Го видов овој одличен трик и тој е НАЈДОБРОТО НЕШТО ШТО ДОСЕГА СУМ ГО НАПРАВИЛА! Таа сакаше да биде постојано држена, а сега можам да се одморам. Потребно е само ориз и ракавици и да ви кажам дека навистина функционира! Видов нешто слично на Pinterest.

Кога се сетив дека мајка ми чува ракавици во фиоката, отидов и зедов една, турив ориз во неа и ја врзав цврсто. Во моментот кога ја легнав и ѝ ја ставив ракавицата на грбот, таа престана да плаче. Тоа беше олеснување!

Трик

Се разбира дека сите имаат различно мислење за овој трик. На некои им се допаѓа, на други не, но секоја мајка го познава своето дете. Ќерка ми го обожава и е добро. Морав да го споделам, бидејќи знам колку е тешко да немаш одмор и ако можам да ѝ помогнам на некоја мајка, дефинитивно ќе го направам тоа!

На Facebook, Абигејл им возврати на сите кои ја критикуваат: „Моето бебе никогаш не спие со ќебиња околу неа или покрај прозорец, си има креветче за тоа. Ова беше само брза фотографија и таа беше надгледувана цело време. Знам дека сите сакаат да дадат мислење колку е несигурно ова. Слободно искажете си го мислењето, тоа е слобода на говор. Но, таа не ми е единственото дете! Знам сè за СИДС итн. двете мои деца се добро, па ви благодарам за загриженоста“.

Па, доколку одлучите да го пробате овој трик, добро е постојано да го надгледувате вашето бебенце или да се обидете да го легнете на грб, а ракавицата да му ја поставите во областа на пелената и мешето.

Трик Трик Трик
Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.