• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка со „селфи“ фотографии го покажува вистинското лице на мајчинството

16 март 2016, 12:35
  • cподели

Мајка од Русија со „селфи“ фотографии од своето секојдневие им возврати на оние кои ѝ велат дека нема друга работа освен да го гледа бебето. Јулија Скоробогатова долови како изгледаат нејзините денови како мајка на една мала и една поголема ќерка за да покаже дека и невработените мајки и оние кои се на породилно отсуство имаат многу обврски.

Кога Јулија му се пожалила на свој пријател дека е уморна и дека ѝ е тешко, го добила следниов одговор: „Е ти не правиш ништо, само го гледаш бебето“.

„Да, на некој начин тој е во право. Јас не морам да се будам рано петпати неделно и да брзам да стигнам на другиот крај на Москва во метро вагон каде луѓето се начичкани како сардини. Да седам заглавена во сообраќаен метеж, слушајќи ги повторно и повторно истите песни. Не морам да исполнувам канцелариски задачи и да следам наредби од раководството. Јас останувам дома и да, не правам ништо! Какво задоволство!“ – шеговито пишува Јулија.

„Јас сум на породилно отсуство. Моите денови се слични, како браќа и сестри. Дознавам дека е викенд кога ќе го видам маж ми денски дома, а не само кога се будам и кога заспивам навечер“ – додава таа.

Некои утра започнуваат во 9, некои во 5.

Јулија Скоробогатова

Никогаш не сум сама, буквално никогаш.

Јулија Скоробогатова

Заедно сме и додека готвам, јас сум на масата, а таа под неа.

Јулија Скоробогатова

Василиса се грижи за мојата хигиена, па вратата од бањата секогаш е отворена за да дојди да провери дали сум ставила доволно сапун.

Јулија Скоробогатова

По појадокот, Василиса ми помага да се погрижам за нашата балконска градина. Добива шанса да си ги исчисти сите три заби со конец.

Јулија Скоробогатова

Сè уште го користам најприродниот продукт за да ја хранам Василиса. Најдобрата храна која можете да ја најдете во Москва.

Јулија Скоробогатова

Секогаш јадеме заедно, секоја од нас ужива на своја маса.

Јулија Скоробогатова

Понекогаш се уморува од нашите утрински разговори, па јас добивам шанса за се вратам на незавршените утрински обврски.

Јулија Скоробогатова

Периодите на спиење се кратки, па јас се обидувам да ги завршам процедурите околу моето тело брзо, најдобро сите одеднаш.

Јулија Скоробогатова

Се обидувам да следам правилна исхрана за нашето семејство, па ми е важно да давам здрава и балансирана храна навреме.

Јулија Скоробогатова

Василиса е многу мала и не ги прочитала сите мудри книги на темата, па јас се обидувам да ја убедам. Засега, таа внимава и се согласува со мене.

Јулија Скоробогатова

Обожаваме да шетаме, особено го сакаме делот кога се облекуваме за да изгледаме убаво и средено.

Јулија Скоробогатова

Стоењето во болничкиот ходник никогаш не е здодевно, секогаш имам играчка или две во мојот џеб.

Јулија Скоробогатова

Шетајќи во паркот секогаш учам корисни трикови и совети за растењето, грижата и исхраната на децата од добро начитани мајки. Таму секогаш има понапредни мајки.

Јулија Скоробогатова

По патот до дома, посетивме салон за разубавување сместен во визба. Ќерка ми секогаш е фасцинирана таму и никогаш не ѝ е здодевно.

Јулија Скоробогатова

Пелени, влажни марамчиња и креми – како сме живееле без овие порано?

Јулија Скоробогатова

Василиса знае што носи, таа ги џвака само етикетите од нејзините омилени брендови.

Јулија Скоробогатова

Се обидувам да ја направам мојата постара ќерка помодерна.

Јулија Скоробогатова

Василиса е многу педантна, таа сака да ги елиминира остатоците од вечерата веднаш по јадењето.

Јулија Скоробогатова

Домашните обврски не одат никаде. Мојата малечка секогаш ми помага.

Јулија Скоробогатова

Таа ја полни и празни машината за перење, ми предлага кој е најдобар начин за обесување на облеката, ме надгледува додека ги пеглам кошулите на тато.

Јулија Скоробогатова

Секогаш се обидувам да ги следам нејзините совети.

Јулија Скоробогатова

Ако ги завршам обврските порано, можно е да најдам време да ѕирнам во компјутерот и можеби да си го проверам мејлот. Најчесто само ѕиркам во компјутерот.

Јулија Скоробогатова

Василиса преферира да се капи со многу сапуница.

Јулија Скоробогатова

Василиса многу ме сака и е позната по играњето со мене. По полноќ, малку се уморувам, но се обидувам да не го покажам тоа. За да не ја вознемирувам многу.

Јулија Скоробогатова
Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.