• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мајка почина откако одби лекување против рак за да го спаси нероденото бебе

18 октомври 2011, 19:49
  • cподели

Вистинската мајка секогаш би се жртвувала за своите деца, но 41-годишна Американка ја направи ултимативната жртва – се откажа од шансите да се излечи од рак за да не му наштети на своето неродено бебе.

Бремената Стејси Крим одбила да се лекува со хемотерапија само и само за да го заштити своето бебе, иако докторите ја советувале дека тоа е единствената шанса да се бори со агресивната форма на рак на вратот.

Храбрата мајка се борела со болеста 5 месеци пред да ја роди малата Доти, која тежела само 940 грама. Дваесет и три дена подоцна, Стејси починала. Во периодот по породувањето, таа успеала да ја земе во рацете својата ќерка само еднаш, три дена пред да ѝ подлегне на болеста.

„Бебето беше сè што таа имаше на овој свет“ – изјавил братот на Стејси, Реј Филипс.

Лево: Стејси/ Десно: ДотиЛево: Стејси. Десно: Доти.

Стејси мислела дека е неплодна, сè додека изминатиов март не забременила со Доти. За да се увери во среќниот резултат, таа направила дури пет теста за бременост. „Нема да ти се верува“ – му рекла таа на својот брат пред облеана во солзи и со насмевка на лицето да му ја соопшти веста за бременоста.

Но, нејзината среќа започнала да се меша со чувство на страв. Стејси започнала да има силни главоболки, заматен вид и треперења по целото тело. Нејзиното семејството инсистирало таа да посети неколку доктори и во јули кај неа бил пронајден рак на главата и вратот. Во ужасните моменти пред неа стоела дилемата – да се обиде да се спаси себеси со хемотерапија или да го ризикува животот на своето бебе. Стејси одлучила да се откаже од борбата со болеста со надеж дека еден ден ќе го држи во рацете своето здраво бебе.

Кон средината на август здравствената состојба на Стејси значително се влошила и еден ден нејзиното срце застанало. Докторите биле принудени да извршат породување со царски рез. Малото девојче при породувањето тежело само 940 грама и веднаш било префрлено на интензивна нега. Медицински тим ја вратил Стејси во живот и таа била префрлена на интензивна нега, но во различна зграда.

Доти

Стејси била премногу слаба за да може да оди кај својата мала ќерка Доти, а бебето било премногу мало за да биде однесено кај неа.

„Ќе ѝ покажевме фотографија и таа ќе започнеше да плаче и да бара да го држи своето бебе. Се чувствував беспомошно. Сакав да ѝ помогнам, сакав да направам нешто за неа, сите сакавме, но ни кажаа дека е невозможно таа да го види своето дете“ – изјавил потресениот брат.

На 8 септември Стејси повторно престанала да дише и уште еднаш била вратена во живот. Две медицински сестри не можеле да ја гледаат болката на болната мајка, па решиле да преземат нешто.

„Знаев сè што се подготвува во позадина и ништо не ѝ кажував додека не бев сигурен дека ќе се случи тоа за да не ѝ давам лажна надеж“ – раскажал Реј.

Сестрите ја донеле малата Доти и ја поставиле на градите на немоќната мајка. „Никој не кажа ништо, беше навистина тивко. Тоа беше совршен момент. Така јас го нарекувам“ – изјавил Реј.

Само три дена подоцна, Стејси починала.

Стејси со малата Доти во рацетеСтејси со малата Доти во рацете

Малата Доти сега тежи 2,3 килограми и живее со Реј, неговата сопруга и нивните четири деца, бидејќи Стејси се имала разделено со таткото на бебето.

Реј со малото бебе

„Мислам дека таа е чудо“ – изјавила сопругата на Реј.

Tags
стории
вистинска мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.