Мајка од Турција создава забавни фотографии со ќеркичката и ја претвора во мини копија на славните личности
Алија Чеглар ја истакнува својата креативност преку забавни фотографии кои ги создава со својата ќеркичка Стефани.
Талентираната уметница од Турција креира уникатни „фустани“ за 4-годишната ќерка, и притоа користи храна и цветови, а понекогаш ја претвора во мини копија на славните личности, имитирајќи ги нивните стајлинзи.
„Среќна сум што луѓе од целиот свет уживаат во нашите фотографии“ – вели мајката.
