• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мајка и ќерка загинаа заедно, само една од тимот преживеа оти не нурна: Факти за трагедијата во пештера на Малдиви

19 мај 2026, 12:58
  • cподели

Трагедијата на Малдиви, во која згаснаа пет животи, меѓу кои и на врвни италијански научници и експерти за морска биологија, ја потресе научната заедница.

Несреќата се случила при истражување на подводен пештерски систем на длабочина од околу 50-60 метри, а локалните власти ја опишаа како најтешка нуркачка несреќа во историјата на Малдиви.
Меѓу загинатите се мајка-научничка и нејзината ќерка-студентка, морски биолог, истражувачка и инструктор по нуркање. Неколку дена подоцна, во потрагата по нивните тела, животот го загуби и еден воен нуркач.

Моника Монтефалконе, 51-годишна професорка на Универзитетот во Џенова, беше меѓу најпочитуваните морски еколози во Италија. Таа со години ги проучувала коралните гребени и влијанието на климатските промени врз морските екосистеми, а според нејзиниот сопруг, зад себе имала околу 5.000 нуркања и важела за исклучително внимателен и искусен нуркач.

Во трагедијата почина и нејзината ќерка Џорџа Сомакал, студентка по биоинженерство, која на 1 јуни ќе го прославеше својот 23. роденден. Младата девојка била дел од експедицијата заедно со својата мајка и учествувала во биолошки и морски истражувања.

Меѓу жртвите е и Федерико Гвалтиери, млад морски биолог и неодамнешен дипломец по морска екологија од Универзитетот во Џенова, кој работел на истражувања поврзани со морските живеалишта и тропската биодиверзитетна средина.

Загинала и Муриел Одентино, научна соработничка и истражувачка од Торино, која учествувала во проекти поврзани со морската екологија и климатските промени.

Петтата жртва е Џанлука Бенедети, искусен инструктор по нуркање и оперативен менаџер на компанијата „Албатрос Топ Боут“. Тој живеел на Малдиви околу седум години, а неговото тело било првото пронајдено, во близина на влезот на пештерата.

Според италијанските медиуми, групата била на еднонеделно патување со уште дваесетина патници на бродот „Дјук оф Јорк“. Уште една студентка од Универзитетот во Џенова требало да нурка со нив, но во последен момент се откажала и останала на бродот со што станала единствената која ја избегнала трагедијата.

Според првичните информации, групата навлегла длабоко во пештерскиот систем, каде условите биле исклучително опасни – целосен мрак, тесни премини и ризик од кислородна токсичност поради големата длабочина. 

Трагедијата доби уште подраматичен тек кога при спасувачката мисија загина и Мохамед Махуди, 43-годишен припадник на малдивската армија и еден од најискусните воени нуркачи во земјата. Според властите, тој починал од компликации поврзани со декомпресиска болест, позната и како „болест на нуркачите“.

Властите на Малдиви соопштија дека нуркачите се спуштиле околу 20 метри под дозволената граница за рекреативно нуркање, а експертите нагласуваат дека вакви нуркања бараат специјална техничка обука, посебни боци и напредна опрема.

Во драматичната спасувачка акција учествувале локалната крајбрежна стража, полицијата, како и специјализирани нуркачи од Финска и организацијата DAN Europe. Телата биле пронајдени длабоко во третата комора на пештерата, а спасувачите користеле подводни скутери и специјални системи за дишење.

Италијанските и малдивските власти сѐ уште ја истражуваат точната причина за несреќата, а меѓу можните сценарија се споменуваат силни струи, дезориентација во пештерата, недостаток на специјализирана опрема и проблеми поврзани со големата длабочина.

Tags
трагедија на Малдиви

Најнови

  • Ед Ширан и Мартин Герикс

    „Repeat It“: Ед Ширан и Мартин Герикс ја објавија песната која започнале да ја креираат пред 12 години

    Tue, 05/19/2026 - 14:01
  • Мајка и ќерка загинаа заедно, само една од тимот преживеа оти не нурна: Факти за трагедијата во пештера на Малдиви

    Tue, 05/19/2026 - 12:58
  • „Го сакам твојот дрес од 5 години“: Никола Митревски му исполни желба на девојче по пласманот на Македонија на СП

    Tue, 05/19/2026 - 12:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.