Мајка ѝ гордо ја гледаше од публиката: 16-годишната ќерка на Моника Белучи за првпат на ревија на Долче и Габана
Крушата под круша паѓа. По стапките на својата славна мајка Моника Белучи и постарата сестра Дева, на модната сцена официјално стапна и Леони Касел.
16-годишната ќерка на Белучи и Винсент Касел го имаше своето долгоочекувано деби на модната писта и тоа на ревијата на Долче и Габана, модната куќа која со децении е тесно поврзана со нејзиното семејство.
Леони го отвори модното шоу во хортикултурен парк во Таормина и на пистата дефилираше во раскошна цветна креација.
Моника гордо ја гледаше својата наследничка како дебитира на модната писта.